Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2856615 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11430 на: 01 Ноември 2022, 11:26:44 am »
Дечки, ме моткаат нешто од Киа па ме интересира мислење.
Спортејџ 2018, 1.6 ГДИ, многу тресе цела кола при ладен мотор и прво тргање, ептен непријатно. Тазе редеовен сервис викендов. На 2-3 тргање веќе е нормално. Киа викаат потисна што не ми е некако веродостојно ама сум немал искуство до сега. 43000 км.

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11431 на: 01 Ноември 2022, 12:08:07 pm »
Ако е под гаранција нема што да му ја мислиш, ако мислат дека е потисна нека направат промена, макар што тоа обично иде цел сет кога веќе се менува.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2944
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11432 на: 01 Ноември 2022, 13:48:45 pm »
Дечки, ме моткаат нешто од Киа па ме интересира мислење.
Спортејџ 2018, 1.6 ГДИ, многу тресе цела кола при ладен мотор и прво тргање, ептен непријатно. Тазе редеовен сервис викендов. На 2-3 тргање веќе е нормално. Киа викаат потисна што не ми е некако веродостојно ама сум немал искуство до сега. 43000 км.
Нека не те изненадува, пријател на Киа Стоник стара 2 години и 20.000 км го менуваше целиот сет, под гаранција на трошок на КИА, така да инсистирај на промена додека е под гаранција
Своерачен потпис ;)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11433 на: 01 Ноември 2022, 16:38:46 pm »
Ако е под гаранција нема што да му ја мислиш, ако мислат дека е потисна нека направат промена, макар што тоа обично иде цел сет кога веќе се менува.
Тука е проблемот, се оградуваат велејќи дека е потрошен дел па има натегања.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55347
  • Махер
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11434 на: 01 Ноември 2022, 16:49:10 pm »
Ако е под гаранција нема што да му ја мислиш, ако мислат дека е потисна нека направат промена, макар што тоа обично иде цел сет кога веќе се менува.
Тука е проблемот, се оградуваат велејќи дека е потрошен дел па има натегања.
Потрошен дел е, на 130.000 се менува или на 200.000? Зошто на 42.000 сигурно не.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7646
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11435 на: 01 Ноември 2022, 17:39:46 pm »
Ако е под гаранција нема што да му ја мислиш, ако мислат дека е потисна нека направат промена, макар што тоа обично иде цел сет кога веќе се менува.
Тука е проблемот, се оградуваат велејќи дека е потрошен дел па има натегања.
Потрошен дел е, на 130.000 се менува или на 200.000? Зошто на 42.000 сигурно не.

Хммммммм, на мануелец не знам колку може да се гарантира рок на траење на сет ламела замаец и слично. Реално возачот може да е секаков идиот, може ја експолатира колата во лоши услови и слично.
Дискутабилно е ако е мануелец, не е се црно и бело со таа гаранцијата мочана.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11436 на: 01 Ноември 2022, 18:03:14 pm »
Треба убаво да се прочита делот со "ситни букви" од 7 годишната гаранција, бидејки не сите компоненти од колата ја имаат 7 годишната гаранција.

Ламелата е потрошен материјал на ниво на плочки од кочниците.
Потисната па е на ниво на дискови од кочниците.

Така да би требало малку да олабават од сервисот, како и да била малтретирана колата попрво ламелата ќе попушти.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 776
    • ibiz.mk
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11437 на: 01 Ноември 2022, 18:16:52 pm »
Може им се.
Колега на салонска шкода карок. После 2ипол години и 40-50к км. Смени акумулатор. Истиот бил потрошен материјал.


Така треба убаво се да се чита.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7846
  • French diamond
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11438 на: 01 Ноември 2022, 18:57:35 pm »
Нова кола да купиш и по 40К/4 год да треба да менуваш сам  сет ламела, преку 1000€, ебати и кола и се.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 812
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11439 на: 02 Ноември 2022, 12:47:36 pm »
na nova kola osven da ja zapukash vo drvo/stolb ili da ja premetnish na krov treba apsolutno se da i e pod garancija vo pogled na potroshen materijal i korozija. pa pizda im mater vozime krntii od po 10 godini nagore i so "realni" 200.000km kupeni i teraat ushte po 50.000 so tek tuk po nekoja smena od tipot na plochki ili lamela..ovie novive nema ni da stignat do 200.000 ako se im e potroshen materijal.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4035
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11440 на: 04 Ноември 2022, 17:23:05 pm »
Другари, мала помош...

Ми треба релеј за трепкачи, за Toyota Avensis, т25 модел, (2003-2008).

Не е битно ново/старо, само да се најде... Или да ме упатите на/во некој плац/продавница кај да барам...

Фала..

Еве и некое сликиче...



Sent from my Poco F3

« Последно менување: 04 Ноември 2022, 19:21:21 pm KaZaN »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11441 на: 05 Ноември 2022, 12:01:33 pm »
Дечки, ме моткаат нешто од Киа па ме интересира мислење.
Спортејџ 2018, 1.6 ГДИ, многу тресе цела кола при ладен мотор и прво тргање, ептен непријатно. Тазе редеовен сервис викендов. На 2-3 тргање веќе е нормално. Киа викаат потисна што не ми е некако веродостојно ама сум немал искуство до сега. 43000 км.
.

6:18 донекаде слични симптоми, знам дека Спортејџ не е Сид, ама чисто како резервна насока доколку се нема идеја што би можело да зеза.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15323
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11442 на: 05 Ноември 2022, 19:36:32 pm »
Ако е под гаранција нема што да му ја мислиш, ако мислат дека е потисна нека направат промена, макар што тоа обично иде цел сет кога веќе се менува.
Тука е проблемот, се оградуваат велејќи дека е потрошен дел па има натегања.

Нека им се закани со инспекција. Ќе го сменат.

КММ или како и да се викаат, се најгној импортер во Македонија. Слични муабети и за Мазда имам слушнато.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11443 на: 06 Ноември 2022, 15:42:40 pm »
Колку е паметно да се замени дихтунгот на издувна грана?
Нема звук дека пропушта, ама како да ми позамирисува на дим/чад кој не се гледа ама се осеќа некогаш со пуштена вентилација претежно кога стојам во место.
Од таа страна каде што мириса е и турбината нели, на моторот нема знаци од протекување масло па да речам дека мирисот е од испарување масло, баш на дим како од издув мириса. Панцир врската искрено не сум видел во каква ситуација е.

Го загледав M539 restoration, почнав да купувам дихтунзи за работи што треба и не треба, па викам да го ставам и овој на список. На сервисот што треба да го направам за некој 2000км покрај масло и филтри за мотор, за менувач и диференцијал, планирам и такви зафати да направам, промена на респиратор на капак на вентили за маслени пари, промена на дихтунзи на ладилникот за масло, чистење ЕГР и промена на дихтунзи, чистење на усисна и промена на дихтунзи и уште неколку слични интервенции.

После сето тоа ќе се оди со промена на црева за ладилниот систем, црева за турбина и интеркулер и црева за гориво.

Колку е паметно сето ова, искрено не знам, ама кога ќе променам се ќе кажам.

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #11444 на: 11 Ноември 2022, 12:45:59 pm »
Дали е паметно да го откачам акумулаторот поради невозење од три месеци? Или да оставам некому аманет да ја провозува што не би сакал.

Стариот го сменив пред три месеци баш поради таа причина али само со палење во место и не издржа баш пред крај али мислам беше фабричкиот старт стоп од осум год.


Sent from my iPhone using Tapatalk