Здраво дечки,
Како мој прв коментар, пред се поздрав до сите.
Имам едно прашање па ми посочија тука да постирам.
Станува збор за беклајтот (led backlight) на радиото на Мерцедес Е класа 2004 (W211 модел). Преку ден односно кога е сончево, радиото односно ЛЕД-от почнува да свети на максимум и цело радио е бело (блешти бело).
Кога е навечер, радиото е нормално, односно свети нормално. Куренцето на шал табла за местење не реагира кога е под дневна светлина. Некогаш дури и навечер „рипа“ светлото па ако изгасиш/запалиш се стабилизирува.
Приметив дека има некој сензор кој е баш под шовершајбна горе (му доаѓа над ретровизорот). Навечер (тестирав) кога му светиме со блицеви почнува да се расипува радиото па колку за тест му акнав изолир. Некогаш преку ден е ок, некогаш не е, нема правило.
Главното прашање: До сензорот е или радиото е рикнато? Ќе сменам радио не е проблем, гледав и во Дог мултимедија да ставам но да не ставам за џабе т.е пак ради тој сензор и новото да ми е со исти проблем.