Форд фокус мк1 1.8тдци 74кв има проблем со палење,со старт спреј палела,некое мислење од форџиите шо би можело да биде?😊.
Колата е на постар човек се знаат со стариот мој па чисто онака ме праша.
Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
Тој форд иако е ТДЦИ терсене му е палењето. Почекуваш греачи (понекогаш и грееш по два пати) дури и летно време. Проверуваш регулатор за висок притисок во цевката што ги храни инјекторите. После потопната пумпа во резервоар знае да дупчи. Тој мислам имаше и измеѓу електрична пумпа под седиште/под кола. И за крај, измеѓу регулатор за притисок и измеѓу пумпа може да не држи нафта во цревата. Со тек на време окрутуваат цреваата и дихтунзите и прима воздух и ја враќа назад нафтата.
И на крај, акумулаторот дали е добар.
Ако сите тие работи не се само проверени (туку и сменети по потреба), истото го прави, тогаш инјектори во вожња и гледање која дизна моча.