Еве за шо ти зборам.
Нешто во мењачот ти се меле, друк лагерот се активира со стискање куплунг и тогаш мењачот се смирува.
Во лер друк лагерот мирува, но се друго врти сосе мењачот.
И повторно ќе кажам, така беше на постарите коли, со новиве појма немам што измислиле 
Дури и во коментарите и а еден што спомнува дека има сличен звук, но само кога ќе стисне куплунг.
Јас на пунтото го имав истиот звук и тоа се појави после 6 месеци од промена на цел сет. Со баџото го отворивме мењачот и го сменивме друк лагерот и звукот го снема.
Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk
Зиле, токму кај твоето Пунто принципот е ист како кај Типото, доколку е нешто поразлично кај некои други коли.
Лагерот
мора да врти со стиснат куплунг, бидејки тоа му е функцијата.
Со стискањето педала делуваш на вилушката на кој е фиксиран друк лагерот кој пак е поставен на осовината од мењачот (види го видеото што го поставив каде го врти лагерот со прсти)
Вилушката го прилепува друк лагерот врз пипците од корпата/потисната и врши притисок врз нив за да се одвои корпата од ламелата. Бидејки замаецот ја врти корпата тие вртежи се пренесуваат на друк лагерот, односно го придвижуваат друк лагерот.
Доколку куплунгот ти е на сајла, можеш да направиш
ниско високо да фаќа (на педала), доколку претераш ќе добиеш ефект на постојано благо стисната педала дури и во лер, односно друк лагерот да е постојано прилепен врз пипците од корпата и постојано да врти.