Дечки имам некој проблем со колата, се појавува некој чуден звук сличен како на видеото.Не до толку изразит
E сега наградно прашање е
-летвата е при крај
-серво пупмата
-јабучица некоја
-зглоб ....
Проверив во резеварот за течност за сервото има до max течност ама е црна скроз.Колта е 96 honda civic.
Имал некој сличен проблем ...
В година прво нешто оди на мајстор колата
https://youtu.be/0evGYOpEXGw
Мене тоа на видеото ептен ми звучи на чкрипење на јабучица или гумици на баланс штангла.
Ако е летвата или нешто директно со нејзе поврзано би требало и на волан да се чуствува нешто, да влече настрана при забрзување, да сецка воланот и сл.
Кај мене кога не чинеше летвата, не се чувствуваше ништо на волан, туку само тапи звуци при преминување на нерамнини кои се чувствуваа на патосот. И мрдаше по малку воланот лево-десно.
Звукот на видеото мене ми личи дека е некој лагер на тркало отиден.
Али посекако на дизалица и најубаво да се види така, да се провери секоја јабучица, спона, чаури, летва, да се завртат тркалата и така ќе се детектира најдобро што е.
Ја се додека не ја однесов на мајстор мислев дека чаурите на виљушките се, испадна тие коска, летвата партал.