Приметив сега кога ја истерував колата од гаража почнаа да втртат перките за ладење, и тоа силно. Моторот незагреан (2 саати имаше поминато од последното палење ), клима/парно немаше вклучено.
Што може да е проблемот? Како да имаше некој од форумов сличен проблем.
Се работи за голф 5 1.9 тди.
нај веројатно компјутерот ја има изгубено конекцијата со сензорот за мерење на температура кој нај често се наоѓа на главата од моторот... вклучувањето на перките на максимална брзина е заштитен мод доколку неможе да прочита која е температурата, па ги вклучува за секој случај, за да не го “стопиш“ моторот од прегревање... ако се однесе на дијагностика, скоро 100% сум сигурен дека ќе покаже senzor signal missing или пак fault... пробај сам на сензорот, извади му го џекот, подзачисти малку контактите и врати го назад... ако не се оправи, тогаш правец на мајстор, да ти го реши проблемот... секако, прво на дијагностика...
пиши што испаднало.. баш ме интересира...