Здраво и поздрав до сите другари имам една мака не е нешто сериозно али почна да ми оди на нерви во последно време, проблемот е во сказалката за гориво на шал табла почна да си игра играчки односно цело време оди доле, горе во тек на вожња никако да ја покаже реалната состојба на нивото на гориво.Цело време спаѓа надоле па нагоре дури и кога ке ја паркирам колата и нема да се вози подолг период да речам од 5-7 саати, проблемот е исти штом ја запалам и тргнам сказалката почнува да спаѓа надоле па да се враќа нагоре.Ја однесов и во сервис мајсторот ја извадил цела нафта од резерварот, го извадил пловакот но бил исправен не бил проблемот до него ја ставил и на комјутерска дијагностика, но и таму немало не јавувало некаква грешка до што може да е проблемот инаку не приферирам некоја агресивна вожња не би требало да е проблемот во тоа.Носам поприлично голема гума 205/55/R16 немам некое големо познавање али според некоја логика колку поголема гума толку постабилна вожња но и поголема потрошувачка па во дилема сум дали да се префрлам на 15-ки али сепак дали 15-ки или 16-ки не би требало сказалката да ги прави тие варирања нагоре надоле цело време до што може да е проблемот и чаре поздрав.