Има ли начин да се провери дали ми се во ред греачите?
Откачи ги доводните жици од нив, земи мултимер или инструментче за мерење отпор. Со едниот крај допри кај што се штрафи греачот(масата), а со другиот крај на делот од греачот каде што се приклучува кабелот. Ако мрдне стрелката, или кај дигитален инструмент ако покаже некој конечен отпор значи исправен е греачот. Ако не мрда стрелката,или кај дигитален покаже бесконечен отпор значи не е исправен греачот.
Барем јас така мислам дека може да се проверат.
Taка и само така треба да се проверуваат, фазомерот ќе кажи неисправни само кога се скрос прекинати.
А инаку еве за мене гледам Champion или Beru треба да имаат 0.6Ω, е сега ако се 1.2Ω фазомерот пак ќе светни ама греачите не се како што треба да бидат.
Лани гледав на интернет за мене и отпорот на греачот варира во зависност од производителот, така да за еден ист грејач, отпорноста се движеше од 0.6Ω-1Ω (грубо, со резерва да се земи ова)