Веќе некое време се јавува звук како на видеото подолу(како да вие моторот помеѓу 1000 и 2000 врт.), а и како да иде помалку колата...
Барајќи по интернет си помислив да не е некоја цевка од издувот до EGR вентилот, но тие се здрави.
Звукот доаѓа од долната десна (сувозачка) страна. Кога ќе погледнеш од доле, таму се гледа каишницата за линискиот каиш, компресорот за климата и една пластична цевка од турбото до интеркулерот (споена со гумени црева, која е мрсна од масло). Е сега неможам да приметам од што точно доаѓа звукот...
Да не имал некој ваков проблем или да претпоставува што би можело да е?
Утре сакам да помешам сјај и вода и да го намачкам доводот од турбото до интеркулерот, да видам да не има пукнатина некаде.
http://forums.tdiclub.com/showthread.php?t=441205