Здраво на сите,
Имам Алфа Ромео 146 1.4 Твин спарк (бензин) од 2000г. Пред некое време почна да трокира, да нема сила да повлечи додека работната температура на моторот е испод 75Ц, чим ја постигни оваа температура, или 90Ц која е работна на моторот нема никаков проблем со трокирање и слично, но во тој случај не оди повеќе од 110км/ч, а на угорнина нема сила ни за во 3та брзина со 60км/ч.
Она што направив јас е: променав свеќици, променив масло (Селениа к20) што е препорачано за оваа кола но сеуште го има истиот проблем.
Чисто од љубопитност го откачив сензорот за воздух и колата почна да работи супер. Со овај факт, купив нов сензор и го ставив него, колата оди како луда, не трокира воопшто и кола е ладна, но сега чади многу, и обртометарот не можи да се сталожи да стои на 900 обратаи кога колата е во место. Притоа со новиот сензор на шалтабла почна да свети (види слика), сијаличка која колку што успеав да пронајдам значи дека нешто со системот за директно вбризгување (инџекшн) не е ок.. Повторно го вратив стариот сензор сијалицата се изгасна и пак по старо....
Дали некој знае што во суштина не е во ред? Пошто бев кај неколку мајстори ама сите врска немаат искрено... (Сепак Алфа кај нас е табу тема)
Поздрав