Се расипува де, многу нормално. Ете мојон голф (на татко ми поточно али исто му доаѓа) има веќе 3 ремонти... Уште е со оригиналниот мотор. Ама затоа има 1м+ км поминато. Голф кец 1.6д од 1984та. Два пати е мислам рамнета главата, а има корозија на секоја педа.
Ама не можам да ги сфатам тие што се крстат во дизели, а уште поготово тие што се крстат у антички дизели ко 1.6д у голфот. Ѓубре од мотор, 1.3 фелиција на плин ме јадеше за 2-3 коли.
А уното 1.0 на плин влече исто ко голфот, ако не и боље. За на бензин да не спомнувам.
Али добро ипак има голема разлика у години, тоа да...
И неќам да чујам како голфовите дизел малце трошеле. Тие што го тврдат тоа никад не седнале да повозат бензинец на плин на подолг период.
еве јас имам голф 1 1.6д па не е воопшто спор(мислам за генерација на мотор и неговата снага) а и потрошувачката не е за жалење, околу 5.5 зависи како го возам
за старт еднаш имам јадено форд пробе ми јачеше нешто на семафор, ама колку беше издувано тоа пробе незнам
пред овај голф имав друг исто кец со ист мотор првото генерално беше на 650.000 второто на 480-490 истера уште 350-360 и почна да не пали на зима па пак го направивме генерално, после тоа незнам што бидна со него бидејки го продадовме
а и од фиат сум презадоволен иако многу гомна се јадат за нив, темпра 1.6 ја купив на 380.000, на 420 ја продадов и сеуште се вози такси, пред месец дена се најдов со човекот од моторот е презадоволен, сменал зглоб само и каиши и масло во 2 години такси возење, ама таа кола јас неможев да ја симнам под 12л плин низ град
извини вака, ама голф 1 со 1.6 дизел, нема да го изеде ниедно форд пробе па колку сака нека е издувано.. нејкел типот да стисне на гас, од причини само за него познати... јбг, сигурен сум...
не сум јас од тие што величат голф него кажувам како што е, и друга кола да беше истото ке беше бидејки не се штедеше на сервиси, само во тоа време нај исплатливо беше таква кола, пред него имавме лада специјал, со голфот беше преродба само поради потрошувачката која на ладата беше во просек 10л бензин а на голфот 5.5 дизел.
во секој момент ке одберам лада специјал пред голф дизел, затоа што 10 литри плин (плинскиот уред за него е 12.000 денари со се се што треба) се 250 денари на 100 км, а 5,5 литри нафта се 280 денари. плус тој дизел, зимно време, може да се деси да не запали воопшто. и самиот викаш, почна во зимо да не пали.. тоа е тоа со дизел, а моторот на ладите (зборам постарите лади, чим била вашата специјал, ондак била или 1.5 или 1.6 машина) ке запали и на -100 и на +100 исто, како сега да си го изгаснал. нашата лада специјал, со 1.5 мотор, истера 700.000 пред да ја зариба стариот, носејки ме мене на лекар, со температура од 41 степен. знаеше дека кога ке се вратиме дома, тоа ке и биде последња вожња, му заглави лагерот на пумпата уљна претходниот ден и свесно го зариба.. постапи онака како што и јас ваљда во таква недај боже ситуација би постапил... значи би возела уште таа машина ако се средеше пумпата...
поентата ми е дека ладите од тоа време се неколку пати по издржливи од тие голфови, потрошњата им е иста па и помала во пари гледано, а тоа што јас не поднесувам голф, а па дизел уште помалку (едноставно го мразам и мирисот и звукот на дизелите) тоа е моја лична работа, која носи екстра поени за изборот на бензинец... значи зборам од моја гледна точка.. немора да се согласиш со мене.