Здраво, нов сум на форумов, имам BMW 320d e46 кое што се мотка тука по огласите на форумов и пред недела дена добив на поклон уште еден гаражен миленик, југо 45 со надеж да стане 65. Југцето за своите години (89та производство) и 70 и кусур иљади километри изгледа во зачудувачки добра состојба, но поради тоа што е седено околу 2 години во гаража си бара малце средување. Планирано е постепено средување на колата, не наеднаш како цел проект, туку полека полека додека да се доведе во стање напраено по свој вкус се разбира све во граници на нормала. Планирано е за почеток замена на хладњакот поради тоа што е дупнат, акумулатор, задни кочници поради тоа што колата е околу две години седена во гаража со дигната рачна и полека полека шминкерските работи, ставање бандафче, издувче, спуштање, средување на ентериерот, во план е и ставање на 1.3 мотор 65ка со 5ка мењач, во план е да се стаи годинава, мада ако не биде годинава, здравје боже другата, другата година можно е и боиче друго да добие, ама лека полека, во зависност од тоа како дозволуваат финансиските и временските услови. Во прилог ќе ви пратам слики какво е моментално и постепено како се работи на него така ќе ставам слики. Се надевам дека убаво ќе се дружиме.
Поздрав