Јас имам Е-класа 1996та 220D обичен дизел со мануелен мењач и lucas пумпа и потрошувачката ја рачунам само градска Скопска вожња пошто у годината 2-3 пати се искача на автопат и со моја вожња а стискам здраво не поминал 8 литра кој сака бујрум нека повели да го проба, сега во зимскиве услови зголеми некаде за пола литар али тука го рачунам тоа што ми дрнка у место поише си го чекам да подзагрее па да возам . Имам доста Км утепано и со 220 CDI и навистина кога ке се спореди 220 D е значително по тром и на старт и на крајна брзина , но тука е и таа разлика од блиску 50 коња и нормално е да е по тром и поише да троши. Сакам и да потенцирам за рак-раната на 220d проблемот со lucas пумпата за жал и мојот ја има таа маана се распрашував на сите страни што знам и муабетот е:
Вадење а после и монтажа на Lucasot 2000ден у сервис па носење на бошиста а за жал само 1 у Мк ги праел (Стојче у Влае) и таму бев и ми рече донесија ке ја стаиме на машина и ако се праи ке ја напраиме а ке те кошта од 150-550 евра и гаранција (САМО) 6 месеци

А постои и втора опција ставање на обична линиска BOSH пумпа од 190 , 124 или спринтер која комбинација кошта околу 300-400 евра и колата веќе никад нема да има проблем со лоша нафта и со систем за напојување со гориво (и зејтин да и бапнеш ке го прогура) но во зависност од тоа како е наштелувана пумпата и дизните ке ти варира потрошња и перформанси тука имало и некој момент и со тоа коа ке се отстранела Lucasot се случувале некои проблеми со електрониката на возилото (обртомер можело да не работи ESP и некои други ствари)...
Е сеа тука се работи за скап дефект за кој е се знае дека постои кај 220D но ако споредиш со дефектите кои можат да искочат А искачаат на 220CDI во поглед на (пумпа за висок притисок , Дизни кои се огин и да се купат и да се репарираат ,турбо и сл) ке видиш дека + - тука си со есапот само меракот ке ти остане. Така да моја препорака е да се земе CDI но доколку улеташ на некоја 220D која е зачувана и си работи убаво боље земи си ја неа него некој издрнкан, издуван CDI кој нормално коа ке почне да влече пари нема да застане...