Автор Тема: Земјоделство  (Прочитано 15364 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Земјоделство
« Одговори #45 на: 28 Јануари 2015, 21:06:44 pm »
видите вака сега.... дека не го поднесувам недозреаното понашање на кими, не го поднесувам, дека не се разбирам во земјоделие, не се разбирам, ама дека сум купувач на овошје, поготово на грозје, е богами сум купувач...

е сега... не дека го правдам членот, ама  од моето скромно искуство,  како купувач (и љубител) на грозје за да добиеш цена на кило грозје имаш повеке фактори, на прво место сортата, на второ место квалитетот и на трето место (според мене и нај пресудно) е временскиот период кога ке го купуваш...

ако ви е за посочување, во моментов во рамстор грозје се продава последниве 2-3 месеци помеѓу 170 и 240 денари кило... вие тука за 8, 11, 19 и 20 денари зборевте?

еве и пират вели дека купил за 11 денари а ПОДОЦНА (кога имало поише и паднала цената) му нуделе по 8... зашто тоа подоцна не би го пресметале и превртиле во ПОРАНО 1 месец и цената не би била 19 денари? чиста логика на пазарот..

лубениците, кога излегуваат на почетокот на сезоната, никогаш не биле под 50 деанри кило, а за воља на вистината повекето се зелени, недозреани, само се сочни и црвени... на крајот од сезоната, ке се испотепаат да ти шитнат лубеница по 3, 4 и нај скапо 5 денари кило... и сето тоа се дешава во период од 3-4 месеци... ФАКТ!!
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2209
Одг: Земјоделство
« Одговори #46 на: 28 Јануари 2015, 22:52:08 pm »
За 2014 година,винариите и производителите на грозје се договорија за цена од 11 денари по килограм за сортата смедеревка и за цена од 13 денари за сортата картошија-вранец.Далеку од 19 денари.И тоа овие цени беа за 17 шеќерни единии за смедеревката и 19 за вранецот,но поради условите оваа година тие граници беа недостижни па затоа грозјето се земаше и под овие цени.Смедеревката е најзастапена сорта па после неа иде вранецот,овие две сорти се подлога за сите вина кои се произведуваат.А грозјето се бери во 10 дена,кога им е и технолошката зрелост,после 10 дена веќе е скапано и паднато,ова за винското грозје.Така да и да сакаш неможеш да најдеш после 1 месец смедеревка или вранец,станошина или било какво винско грозје.

И тоа е едната главоболка,другата е кога ќе ги земеш парите.

Колку за илустрација,кога јас ставан нафта на тракторот морам веднаш да ја плата.
Кога купувам хемиски препарати за третирање,морам веднаш да ги плата.
Струја морам веднаш да платам,вода исто така.

Но продаденото грозје чекам да ми се исплати по една или две години.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Земјоделство
« Одговори #47 на: 28 Јануари 2015, 23:27:55 pm »
Неорганизирани сте вие земјоделците. И друг пат сум елаборирал што и како и доста е веќе.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Земјоделство
« Одговори #48 на: 28 Јануари 2015, 23:29:35 pm »
миле.... ке го јадеш, не се чепкај ПАК!! не велам дека си или не си во право...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Земјоделство
« Одговори #49 на: 28 Јануари 2015, 23:31:03 pm »
Може само на некој неинформиран да му изгледа дека ќе „го јадам“. Јас сум го јадел на времето и сум научил. Нема што повеќе да јадам. Кој сфатил - сфатил, кој не негов ПРОБЛЕМ.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Земјоделство
« Одговори #50 на: 28 Јануари 2015, 23:32:28 pm »
Неорганизирани сте вие земјоделците. И друг пат сум елаборирал што и како и доста е веќе.

Така е. Неорганизирани се, и тоа се искористува на секој можен начин од сите други во синџирот на исхрана.
Затоа, ќе се исселат, па после к*р ќе јадат Македонците.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Земјоделство
« Одговори #51 на: 28 Јануари 2015, 23:33:12 pm »
зборев дека ке го јадеш од аспект на кавги и објаснување на рандом ебана тема (за земјодлие) која е отворена на автомобилски форум...

ако ме разбра...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2209
Одг: Земјоделство
« Одговори #52 на: 28 Јануари 2015, 23:36:31 pm »
Неорганизирани сте вие земјоделците. И друг пат сум елаборирал што и како и доста е веќе.


Ах вака на збор колку сме паметни,колку добро знаеме да дадеме совет,а ниту од далеку не ја знаеме проблематиката.

Што да организирам????

Едно е потребно и ништо повеќе,за сите да важат истите услови.

Кога некој ќе купе било каков производ веднаш и да го плати,како што плаќам и јас.
Да се покачува цената паралелно,а не суровината иста а производот рипнал за 300%.
Пред 7-8 години,литро смедеревка беше 60 денари,сега е 120,цената на грозјето беше 7-8 а сега е 11-12 денари.
Нафтата рипна,препаратите рипнаа но цената на производот,мало морген.

Па и јас можам да бидам таков газда,да земам суровина и да не ја платам,да направам производ,да го продадам па да ја платам суровината.Тоа за мене не е бизнисмен.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Земјоделство
« Одговори #53 на: 28 Јануари 2015, 23:39:06 pm »
Онак.... те разбирам јас тебе многу добро.

Ауди, како што кажав друже...

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Земјоделство
« Одговори #54 на: 29 Јануари 2015, 00:25:18 am »
Абе Џонтра...ако зборуваме за неорганизираност цела држава ни е неорганизирана а ти за земјоделецот најде да зборуваш.
А земјоделецот што не си го цени трудот не си го цени, и затоа ќе страда како и цел македонски народ...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Земјоделство
« Одговори #55 на: 29 Јануари 2015, 00:31:27 am »
Земјоделското производство е основа на секоја економија и фондација на секоја индустрија. Голем дел од економските теоретичари велат ека вистинското создавање на вредност во човековите општества е земјоделското производство, а секундарно останатата индустрија (минералната и преработувачката).
Немој да споредуваш земојделство со останати еономски сектори. Ова првово е многу поважно како директно, така и индиректно.
Абе луѓе, дали знаете колкав е поразот за една нација да увезува земјоделски производи? Гледам дека ретко кој од вас е свесен. Да не навлегувам сега на долго и на пироко.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Земјоделство
« Одговори #56 на: 29 Јануари 2015, 08:21:47 am »
Земјоделското производство е основа на секоја економија и фондација на секоја индустрија. Голем дел од економските теоретичари велат ека вистинското создавање на вредност во човековите општества е земјоделското производство, а секундарно останатата индустрија (минералната и преработувачката).
Немој да споредуваш земојделство со останати еономски сектори. Ова првово е многу поважно како директно, така и индиректно.
Абе луѓе, дали знаете колкав е поразот за една нација да увезува земјоделски производи? Гледам дека ретко кој од вас е свесен. Да не навлегувам сега на долго и на пироко.

99% пилешко од увоз.
60% од говедско и свинско од увоз.
40% од лебот од увоз.
50-60% од млекото од увоз.

Утре да ни бапнат ембарго, сме го ебале ежот за сите пари.
А мене лично шо ме боли, ниедно од тие нешта не ги купувам како готов производ во МК. 100% домашно. Граѓаните нека му ја мислат.  ;D ;D

Накратко: Гладна мечка оро не игра.

Абе Џонтра...ако зборуваме за неорганизираност цела држава ни е неорганизирана а ти за земјоделецот најде да зборуваш.
А земјоделецот што не си го цени трудот не си го цени, и затоа ќе страда како и цел македонски народ...


Дено, времето на ситниот земјоделец одамна е поминато. Колку и да се труди и да работи ќе биде неконкурентен. Ќе се оди на окрупнување и намалување на цените за производство, и транспорт. Целиот проблем е заради непостојаниот проток на производство. Затоа што секоја година е кампањски и непланирано.
Него, стариот веќе 2-3 години запиња за ладилник докај 150-200 тона. Па ако даде Господ, за 2-3 години и тоа ќе биде. Ако не оди, кур ти е двор ти е, во ладилник и го продаваш на поволна цена. Живи и здрави само. :)

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8157
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Земјоделство
« Одговори #57 на: 29 Јануари 2015, 11:42:39 am »
И на трпезното да мислел Кими, Кардинал или друго, цената од 19 денара е прениска!
Пак доаѓаме до фактот дека цената на грозјето и било која сорта на жито, е прениска!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Земјоделство
« Одговори #58 на: 29 Јануари 2015, 11:58:12 am »
Житото сака мрсна земја ...

Треба со закон да се забрани во Македонија ..




Отсутен Бојан

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Земјоделство
« Одговори #59 на: 29 Јануари 2015, 18:54:31 pm »
Зошто да се забрани? Последниве 2 год Пелагонија дава рекордни приноси на пченица 6-8 тони по хектар