....
Ајде да не дискутираме политика тука. Ама не знам со кои земјоделци ти си разговарал. За жал или за среќа мојата поширока фамилија се бави исклучиво со земјоделие, и знам што зборувам. Особено за проблеми со пласман, исплаќање. Исто и лани имаше преголеми проблеми со пласман на производството. Татко ми уште чека пари за 10ина тони сливи од бербата 2014. Бербата 2013 (околу 15 тони слива) ја сваривме ракија затоа што требаше да ја оставиме на нива. Сега дома имам околу 3 тона сливова.
За тутунот, последните 3 години ги дотепаа со цена. По 120 денари кило едвај дојде. На вага ти велат, имаш веќе евро од државата, еве ти евро и од мене. И чекај за пари. Ќе чекаш....
За исплаќање на субвенции за подигнати нови насади, се тужиме со државата. Неофицијално знаеш каков беше ставот на овој земјоделецот/шефот во агенцијата? Шо ќе ти се пари, имаш ти. Едниот син ваму, другиот син таму, ти си запнал пари да земаш од нас?
10 декари насад со праски го искоренавме со татко ми. Заедно го подигнавме 2002ра/2003та. Нема пласман. Додека можев продавав по пазарите, имав и врски со продавање на големо. И тоа го снема.
И јас имам другари што живеат од земјоделство, јас живеев 12-3 години од земјоделство без ниеден приход од страна. Мачен е тој живот. Мачен. Барем во него не мешајте партии, затоа што тие се едни од малкуте луѓе кои произведуваат нешто и не продаваат магла.
Кај дремеш да ти кажат,на Сител,Канал 5?
Туку јас имам др прашање за поупатениве,зашто увезуваме 90% компир?
Зошто? Затоа што североисточна Македонија се пресели на Запад. Сите општини и села во Беровоско/Делчевско/Струмичко се празни. Буквално. Традиционалните производители на компир, копаат лозје во Италија.