Автор Тема: Анкета за МСП  (Прочитано 2572 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Анкета за МСП
« на: 26 Јануари 2015, 12:21:41 pm »
Клабери,

Колега мој мака мачи да добие фидбек за анкета на тема „Финансирање на мали и средни п-ја и финансирање за време на криза“ од 500 испратени покани му одговориле само 10  >:( .

Неможев а да не му се понудам со тоа што ќе замолам тој од вас што има фирма и би сакал да ја пополни истата нека ми прати ПП па ќе му го пратам линкот.

За дискреција гарантирам со чесен клаберски збор. Анкетата се користи исклучиво за изработка на негова магистерска теза на Шефилд во Солун.

Однапред благодарен,
Олмајти

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
Одг: Анкета за МСП
« Одговори #1 на: 26 Јануари 2015, 12:53:22 pm »
Стави ја тука.

Иначе има секакви анкети ама кога ќе видам 5 страници прашања...но тенк ју.

Плус то ти треба таргет група а не некој како Кими Македонски да ти пополнува финансисрање на мали и средни претпријатија.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Анкета за МСП
« Одговори #2 на: 26 Јануари 2015, 13:16:25 pm »
Цитат

Почитувани,

Поканети сте да земете учество во истражувачката студија на тема Влијанието на моделите за управување со ликвидноста и финансиските практики врз профитабилноста на македонските компании во време на криза. Студијата има за цел да ги истражи и процени промените што Македонските фирми (дел од приватниот нефинансиски сектор) ги направија во управувањето со нивната ликвидност и cash management стратегиите за време на глобалната економска криза, како и да направи компаративна анализа на финансиските практики на фирмите во пред и пост-кризниот период.

Како учесник/испитаник, резултатите од ова истражување ќе бидат сигурно од корист за вас и вашата компанија. Имено, резултатите од ова истражување треба да им обезбедат на многу компании значаен увид за значењето и бенефитот кои активното управување со ликвидноста и финансисиите го имаат, на тој начин охрабрувајќи ги компаниите за нивно воведување и активно користење.

Овој проект е дел од моите магистарски студии и треба да ми помогне во изработката на мојата магистерска дисертација. Доколку има нешто што не е јасно или ако сакате да добиете повеќе информации не двоумете се да ме контактирате.

Ви благодарам однапред за одвоеното време!

Име на истражувачот: Владо XXXXXXXXX– EMBA студент при Универзитетот Шефилд (Сити Колеџ) контакт тел. по ПП
Супервизор: Mr. Ioannis Pasmatzis

За да учествувате кликнете на линкот долу:

 

https://eSurv.org/?ei&s=LHLIJH_7dc347db


Малку подетално околу целта на истражувањето.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
Одг: Анкета за МСП
« Одговори #3 на: 26 Јануари 2015, 14:22:04 pm »
Шпанско село за мене

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Анкета за МСП
« Одговори #4 на: 27 Јануари 2015, 00:45:57 am »
сакав јас да ја пополнам... ама кога го прочитав делот таму дека очекувано време за завршување на анкетата е 20 минути... извини, ама премногу долга е... поздрави го пријателот, да направи следниот пат, помала анкета.. или да одбере помала анкета.. точно тоа е причината што од 500 фирми само 10-тина му одговориле...

плус.. не ми се свиѓа моментот што треба ОБАВЕЗНО да пополнам податоци за мојата фирма... ако се гарантира дискреција, тогаш, не ни има потреба од податоците од фирмата... во овие мутни времиња, ич не ми се свиѓа г'зот, разголен, да си го наместам и да клекнам во сред коприви... ако ме сваќаш што сакам да кажам....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Анкета за МСП
« Одговори #5 на: 27 Јануари 2015, 02:00:56 am »
Нема врска дека трае 20 минути. Анкетата не трае повеќе од 6-7 минути за оној на кому е јасно за што станува збор.
Башка, не мораш да одговориш точно на првите две прашања Онак..... Jesus Christ.....

Инаку анкета од ваков тип не се прави на овој начин, особено не за магистерски труд. Се надевам дека му е за проектна задача а не за самиот труд.
Тоа што плукнал 12.000 евра за магистратура на демек Шефилд во Солун ама ич не значи дека туку така се спремало магистерска. Треба малце загревање столот, навраќање на воведниот материјал кој објаснува како се работи магистерски труд, учење на секцијата лекции ама онака здраво и почнување на анкетата одново.

Иначе прашањата 8 и 10 немаат смисла. Прашањата 12 и 14 заедно со истите прашања само за побарувањата не гледам како се применливи за македонските компании ама.... тој си знае. Веројатно затоа не добил фидбек или пак добил паушален фидбек онака од рукав, што секако нема да му користи на крајот.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Анкета за МСП
« Одговори #6 на: 27 Јануари 2015, 02:05:54 am »
миле извини, ама за 6-7 минти оваа анкета тешко..  огромна е... башка има избор на некои места со 4 можни одговори од кои 3 се фиксни а последниот е ДРУГО...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Анкета за МСП
« Одговори #7 на: 27 Јануари 2015, 02:12:21 am »
Јас ја одговорив ти кажувам. Башка сите прашања не се одговараат пошто е ствар на избор/реалност. Не можеш сите да ги одговориш и онака. Не би било логички ако ги одговориш сите.