5,000 евра се сосема солидна сума за бензинско возило од МК, па понатаму да си го ставиш на плин и немаш гајле.
Единствено тргни го условот да е од 2010, има добри моделчиња и од 2007-8 па нагоре. Бидејќи нема да бркаш дизелаши, нема да имаат катаљарда километри така што немаш гајле.
Увезено за тие пари некое BMW 320D, возено со 450,000, крпено, враќано...6 месеци гледав увезени коли и немаше ниедна добра. Не би ризикувал!