Автор Тема: Проблем со стартување  (Прочитано 5548 пати)

Отсутен Mini

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Проблем со стартување
« на: 09 Јануари 2015, 09:56:51 am »
Имам проблем со стартување на субару на загреан мотор. На ладен мотор си пали најнормално, си дига температура се е океј али кога ке го угасам и кога ќе пробам пак да го запалам не пали. Чекам да се излади моторот и после пак си пали ко се да е исправно. Кога е загреан ни со влечење не пали. До што може да е проблемот ???
« Последно менување: 09 Јануари 2015, 14:28:20 pm Mini »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #1 на: 09 Јануари 2015, 19:55:19 pm »
Апаратчето за лер гас? Сензорот на брегаста/радилица?
Си пробал ли кога е загреан да запалиш со 10% стисната папуча за гас?

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #2 на: 09 Јануари 2015, 21:40:39 pm »
Некој сензор да се види на компјутер, можеби радилица или сензор за температура на мотор (engine coolant).
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Mini

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #3 на: 09 Јануари 2015, 22:36:14 pm »
Апаратчето за лер гас? Сензорот на брегаста/радилица?
Си пробал ли кога е загреан да запалиш со 10% стисната папуча за гас?
Пробав ни така не сака. Ја избутав до најблискиот сервис каде што ме остави и човекот ми рече да барам електричар, (не фрлало струја нема искра) ???

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #4 на: 09 Јануари 2015, 23:46:35 pm »
Сензор радилица ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Mini

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #5 на: 10 Јануари 2015, 13:29:55 pm »
Кoгo би ми препoрaчaле ??? Либерo 94г. е вoзилoтo

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #6 на: 10 Јануари 2015, 13:56:20 pm »
Или сензор или бобините ти прегреваат,појди во автотек нека ти ја средат

Отсутен VirtualA

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #7 на: 10 Јануари 2015, 17:52:45 pm »
Дечки и јас имам сличен проблем. Имам алфа 156 и последниве неколку недели, на студов, некако ми пресисува кога ќе пробам да ја запалам. Верглањето е ок ама не пали. мора да почекам 5 минути и да пробам поново. Ај тоа него ми се деси до сега и два пати во вожња да ми изгаси кога возам низ град под мала гас - трхни застани, и после не пали, па ајде тргни  се на страна и чекај... Што би можело  да биде, ваше мислење?

Отсутен Mini

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #8 на: 10 Јануари 2015, 18:49:28 pm »
Или сензор или бобините ти прегреваат,појди во автотек нека ти ја средат
Ја однесов во толту не е ни до двете. Ја пробаа со нивна бобина исто. Сега и воопшто не пали ни на ладно ни на топло, порано барем на ладно ми палеше. Чаре ???

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #9 на: 10 Јануари 2015, 20:30:54 pm »
Ако е се океј на дијагностика,нека му мерат компресија

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #10 на: 10 Јануари 2015, 20:35:58 pm »
Зошто? Пали колата и вози нормално, зошто би му мереле компресија?

Отсутен Mini

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #11 на: 10 Јануари 2015, 20:46:45 pm »
Ако е се океј на дијагностика,нека му мерат компресија
Проблемот не е до моторот па компресија да мерам. Нема струја колата, нема искра.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #12 на: 10 Јануари 2015, 21:26:21 pm »
Сензор на радилица/брегаста,компјутер,модул за палење,бобина,кабли. тука барај го проблемот и ти препорачав сервис појди закажи нека ти ја средат.

Отсутен Mini

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #13 на: 11 Јануари 2015, 00:18:55 am »
Сензор на радилица/брегаста,компјутер,модул за палење,бобина,кабли. тука барај го проблемот и ти препорачав сервис појди закажи нека ти ја средат.
Па тоа и пробувам. Сите само нагаѓаат. Едни викаат иди кај плинар, идам на плинар вика нема проблем со плинот иди кај електричар и така си се шетам само по сервиси а никој незнае што е. Овој модел нема компјутер...

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Проблем со стартување
« Одговори #14 на: 11 Јануари 2015, 00:19:48 am »
Карбураторски систем ти е,а и коа спомна плин директ на плин ја палиш или првин на бензин?