Автор Тема: GPS следач  (Прочитано 9536 пати)

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
GPS следач
« на: 07 Јануари 2015, 22:35:32 pm »
Здраво. Ме интересира каде може да се купи GPS следач за автомобил, за да можам да го следам преку мобилен телефон?
Гледав на една страна маркетконект, ама првпат ја најдов и незнам колку е доверливо.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: GPS следач
« Одговори #1 на: 07 Јануари 2015, 23:49:50 pm »
Повелете господине инженер

http://www.ebay.com/itm/Spy-Car-Vehicle-Realtime-GPS-GSM-GPRS-S-MS-Tracker-Tracking-System-Device-tk103-/281036023292?pt=US_Tracking_Devices&hash=item416f0d65fc

Побарајте го Влатко џентлменот за инсталација и тоа е тоа. :) Ставаш сим картичка во уредов, и кога сакаш да знаеш каде е колата ѕвониш на бројот. За 20тина секунди ти стига порака од координатите на уредот, кои можеш да ги отвориш на гугл мапс преку мобилен. :)

Е сеа, ова е од ибеј... а со некоја компанија од тука- не знам. :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: GPS следач
« Одговори #2 на: 08 Јануари 2015, 00:28:13 am »
na ova moza stavis obicna pri pejd kartica ??? i da bide dostapno cela godina taka ???

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Одг: GPS следач
« Одговори #3 на: 08 Јануари 2015, 18:43:35 pm »
Благодарам за одговорот, ќе разгледам. Инаку госпоѓица сум.  :)

Јас го гледав ова, но незнам колкав опсег има, и дали го бива  :)
http://marketkonekt.com/makedonija/bezbednost-i-zashtita/na-pat/rachen-gps-gsm-sledach-gh1202/e04.htm

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: GPS следач
« Одговори #4 на: 08 Јануари 2015, 19:33:01 pm »
Gospogjo izvini vaka tebe kje ti treba ova za sledenje na nekogo ili cisto radi nekoja sigurnost za avtomobilot ???

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: GPS следач
« Одговори #5 на: 08 Јануари 2015, 19:48:59 pm »
na ova moza stavis obicna pri pejd kartica ??? i da bide dostapno cela godina taka ???

Па да, ставаш 100 денари пример, и колку ти трае не знам... има опции за гасење на мотор- прекин на гориво и слично.

Благодарам за одговорот, ќе разгледам. Инаку госпоѓица сум.  :)

Јас го гледав ова, но незнам колкав опсег има, и дали го бива  :)
http://marketkonekt.com/makedonija/bezbednost-i-zashtita/na-pat/rachen-gps-gsm-sledach-gh1202/e04.htm

Хм, најубаво да се јавиш и да прашаш. И цена секако, и претплата или како и да функционира тоа.

п.с. Влатче, госпоѓица е ;D :D значи нема сопруг за кој мисли дека има швалерка ;D :D :D :D :D :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: GPS следач
« Одговори #6 на: 08 Јануари 2015, 19:52:38 pm »
Шо е битно за шо и треба :)

И јас сум ги гледал тие уредчиња на алиекспресс, има разни, од тоа сам да ти пупти порака ако колата почне да се движи до некои основни. Некои се да можеш на веб страна да видиш каде се движела колата и каде е последен сигнал, некои како вие што ги ставивте да пуштиш смс и да добиеш повратно, некои автоматски да ти стига смс ако почне да се движи итн итн..

Јас сум немал искуство со вакви работи али се стварно добри ако се земат како што треба, со сопствена батерија пример.

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Одг: GPS следач
« Одговори #7 на: 08 Јануари 2015, 20:15:26 pm »
Хахахаха, не, немам ни сопруг, ни дечко, ниту швалерисување е во прашање.  :)
Ја возат двајца од семејството колава, и поради здравствени причини е. За „недај боже“ што се вели.

Не ми текнало да видам на алиекспрес, фала кој спомна.
А кај луѓево, ќе се јавам, ќе прашам. Мислев во мегамобил да не има, на сајтот видов нема, па ќе појдам и
до продавницата.


Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: GPS следач
« Одговори #8 на: 08 Јануари 2015, 20:22:36 pm »
Она од линкот на спенсер е одлично,има доста опции на него и е доста прецизно,тие помалите шо се не си ги фрлајте парите грешат со голема толеранција.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: GPS следач
« Одговори #9 на: 08 Јануари 2015, 21:35:06 pm »
http://www.frotcom.com/

Ова е за камиони, не знам дали може и на автомобил? Прашајте.
Ќе го следите автомобилот во реално време.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: GPS следач
« Одговори #10 на: 08 Јануари 2015, 21:47:21 pm »
Хахахаха, не, немам ни сопруг, ни дечко, ниту швалерисување е во прашање.  :)
Ја возат двајца од семејството колава, и поради здравствени причини е. За „недај боже“ што се вели.

Не ми текнало да видам на алиекспрес, фала кој спомна.
А кај луѓево, ќе се јавам, ќе прашам. Мислев во мегамобил да не има, на сајтот видов нема, па ќе појдам и
до продавницата.


Ovde e vistinskoto mesto da dobies I sovet, a I mozis I decko da si odberis pa ako vi se posreki I familija itn.itn... ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: GPS следач
« Одговори #11 на: 09 Јануари 2015, 02:22:08 am »
Благодарам за одговорот, ќе разгледам. Инаку госпоѓица сум.  :)

Јас го гледав ова, но незнам колкав опсег има, и дали го бива  :)
http://marketkonekt.com/makedonija/bezbednost-i-zashtita/na-pat/rachen-gps-gsm-sledach-gh1202/e04.htm

интересно ми е гледа, ама цената која му е? не сум баш заинтересиран да се зачленувам само за цена да дознаам...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: GPS следач
« Одговори #12 на: 09 Јануари 2015, 08:29:11 am »
Има апликации за телефон со кои можеш да следиш некого. Треба да се инсталира на уредот од жртвата. Макар што јас не верувам во приказната дека намената на уредот не е за следење на сопруг/несреќен дечко и слично.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: GPS следач
« Одговори #13 на: 09 Јануари 2015, 12:10:14 pm »
Way gps tracker  се вика апликацијата. Се инсталира и не се гледа иконата кај сите аплукации, што значи нема да се примети дека е инсталирана. Прака локација на секој 1 час. И не троши кредит за тоа. Линк ке ставам вечер сега сум од мобилен.  https://play.google.com/store/apps/details?id=p46.GPSTracking.Android&hl=en
« Последно менување: 09 Јануари 2015, 16:17:39 pm x01 »

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: GPS следач
« Одговори #14 на: 09 Јануари 2015, 14:23:05 pm »
Јас барав нешто вакво, многу јака работа е!


се крие лесно во точак пример и чекаш да ти го украдат. Поентата е што праќа сигнал до кој било друг корисник во близина па така се наоѓа. Не е самостоен да праќа локација само до мене, туку се потпира на другите корисници. Кога ова би било достапно, Скопје како мал град ке биде покриен.
Мн јака работа

http://www.thetrackr.com/