Автор Тема: VW Polo 6n - Проблем со палењето  (Прочитано 6106 пати)

Отсутен igorjos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
VW Polo 6n - Проблем со палењето
« на: 06 Јануари 2015, 18:30:47 pm »
Здраво на сите,

Со оглед дека ова е мој прв пост, не знам дали е во точната категорија, но модераторите можи да ме поправат... (фала)

Имам Polo 6n (1996) кратко, со DOHO 16V (AEX) мотор. Од кога залади скоро и да не можи да запали. Во моментов има нови свеќици, нов акумулатор, каблите за свеќиците се исправни и визуелно и проверени со апарат, сменат антифриз, резервоарот полн (во случај да не мрзни и сл), бев кај многу мајстори но скоро никој не знае да кажи што е маката.

Кога верглам, има снага но моментот кога моторот треба да почни да работи го нема, после неколку верглања можни да запали но работи ко без душа (300-500 вртежи), исто можи да се случи и одма да изгасни. После неколку такви обиди ќе запали и работи на 900-1000 вртежи и полека се стабилизира, по 4-5 минути од кога ќе загрее работи без проблем се додека не ја оставам да олади комплетно и пак да почнат истите проблеми. Ако тргнам одма од кога ќе запали тогаш на мала туража гасни т.е кога кочам, обртометарот паѓа нагло до 0 а не постепено како што кочам.

Мислев да не е алансерот но по тврдење на мајсторите велат дека е ок.. сепак јас и не се разбирам многу многу од коли..

Се надевам дека некој од Вас со повеќе искуство ќе знае да кажи...

Фала, Позз

Едит: Маслен филтер и масло сметнати (некое Еурол масло има.. ) , бензински филтер исто сменат . Исто битно кога ќе загрее нема никакви проблеми, прима нормално, не гасни.....
« Последно менување: 06 Јануари 2015, 18:37:38 pm igorjos »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #1 на: 06 Јануари 2015, 18:33:10 pm »
Jas mislam deka e sauhot.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #2 на: 06 Јануари 2015, 19:58:04 pm »
Викаш моторот DOHO(AEX)....
Да не е DOHC (AFH)??? Ај провери во сообраќајна точно и пиши кубикажа.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #3 на: 06 Јануари 2015, 20:59:19 pm »
Здраво на сите,

Со оглед дека ова е мој прв пост, не знам дали е во точната категорија, но модераторите можи да ме поправат... (фала)

Имам Polo 6n (1996) кратко, со DOHO 16V (AEX) мотор. Од кога залади скоро и да не можи да запали. Во моментов има нови свеќици, нов акумулатор, каблите за свеќиците се исправни и визуелно и проверени со апарат, сменат антифриз, резервоарот полн (во случај да не мрзни и сл), бев кај многу мајстори но скоро никој не знае да кажи што е маката.

Кога верглам, има снага но моментот кога моторот треба да почни да работи го нема, после неколку верглања можни да запали но работи ко без душа (300-500 вртежи), исто можи да се случи и одма да изгасни. После неколку такви обиди ќе запали и работи на 900-1000 вртежи и полека се стабилизира, по 4-5 минути од кога ќе загрее работи без проблем се додека не ја оставам да олади комплетно и пак да почнат истите проблеми. Ако тргнам одма од кога ќе запали тогаш на мала туража гасни т.е кога кочам, обртометарот паѓа нагло до 0 а не постепено како што кочам.

Мислев да не е алансерот но по тврдење на мајсторите велат дека е ок.. сепак јас и не се разбирам многу многу од коли..

Се надевам дека некој од Вас со повеќе искуство ќе знае да кажи...

Фала, Позз

Едит: Маслен филтер и масло сметнати (некое Еурол масло има.. ) , бензински филтер исто сменат . Исто битно кога ќе загрее нема никакви проблеми, прима нормално, не гасни.....

си пробал со малку стисната педала? одприлика 1/4 максимум да ја стиснеш.. ако запали тогаш елкетронскиот саух т.е чекорното моторче те зеза...

ако и тоа е во ред, тогаш можни се следниве проблеми:

-дизни
-сензор на радилица
-компресија

треба убаво да се провери па да се знае.. компресија на ладно се проверува значи колата ке треба да преноќи кај мајсторот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #4 на: 07 Јануари 2015, 00:00:46 am »
Ма каква компресија к*рац... убаво му работи моторот кога ќе загрее.

Отсутен igorjos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #5 на: 07 Јануари 2015, 00:11:59 am »
Викаш моторот DOHO(AEX)....
Да не е DOHC (AFH)??? Ај провери во сообраќајна точно и пиши кубикажа.

Грешка во буквата DOHC е да , но AEX е моделот, (фабрички оди со AFH) овај мотор исто пасира за Polo 6n и ако се води дека е за Голф 4. А моторот е 1400 кубици 74kW

Што се однесува до туражата, имам пробано со 1/4 со цела со пола... просто дури не запали колата и не се свести не реагира на тоа колку гас давам...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #6 на: 07 Јануари 2015, 00:15:47 am »
е па некои од 3-те набројани работи...

прво однеси ја на дијагностика... автомобилска дијагностика... ако таму препознае некој сензор дека е во аут веројатно тоа ке биде решењето... ако не, идеш чекор по чекор од оние 3 можни проблеми.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #7 на: 07 Јануари 2015, 00:35:17 am »
Џабе дијагностики,истиот проблем го имав.Ќе си купиш хал давач или поточно сензор на брегаста тој ја ебе цела работа.Мене знаеше во возење да ми изгаси,па после тоа некогаш палеше некогаш само верглаше.Некогаш во лер знаеа и да паднат обртаи,да изгаси.Треба да видиш што палење е кај тебе,дали е Boshc или Marelli,пошто за двете е различен сензорот.Ако е Бошов нов сензор нема да најдеш никаде,така да барај од половна кола,некој што растура.Ако е марели,нов има и чини 3700мкд,ако си од СК пиши ми ќе најдеме за поевтино.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #8 на: 07 Јануари 2015, 00:37:03 am »
Не верувам дека е исти со оние од голф 4 тие многу проблематични се особено 1.4 моторот ......

Отсутен igorjos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #9 на: 11 Јануари 2015, 19:36:20 pm »
Фала на одговорите,

Посетив неколку мајстори низ градов (Бт) и им ги кажав да ги проверат вашите сугестии, т.е да го проверат Хал сензорот (хал давач), саухот, да направат дијагностика, палењето (брегастата) и сл.

Направија 2 пати дијагностика и се беше ок, за хал сензорот наводно бил ок, со оглед на тоа дека колата од кога ќе загрее нема никаков проблем. Палењето исто така не било проблем.

Едино еден од нив кажа дека можно е да затајува саухот, но бидејќи бил херметички затворен не можело да се поправа т.е мора да се смени (или моја идеа ако не можи да се најди електронски да се стави рачен јбг..)

Проблем е што никој не е сигурен во тоа што го кажува да не речам врска си немаат :)

Како и да е еден уп-дејт, денес и вчера беше топло надвор, па колата пали без проблем, со 1-2 верглања и е спремна не гасни си прима нормално.

Во меѓу време разбарав по интернет постови од луѓе со слични / исти проблеми со иста кола, наидов на многу мислења и видеа, но во ниту едно од нив не беше проблем саухот, него испадна дека беше проблем сензорот за топлина на моторот. Давал погрешни мерења на моменталната температура со што ECU системот натаму давал погрешни инструкции до останатите елементи на колата и затоа не пали. По замена на тој сензор кој во Англија кошта некои 600 денари, кај нас не верувам да е поскап од 1000-1500 ден колата работи без проблеми.. барем на видеата кои ги изгледав.

Воедно малку ми е чудно на мојата кола што температурата не мрда од 50-60Ц освен ако подолго работи вместо или па сум ја возел подолго време градска. На отворено е стално на минимум при брзина од 80км/ч (најчесто). Според тоа сум со план да го менам и јас сензорот нормално ако најдам кај нас таков, па ќе пратам на ново уп-дејт ако се среди нешто.

Патем едно барање до сите кои можеби знаат или можат да поможат: ми треба алуминиумски држач на шасија за мењач, исто за полото. Колата како што е споменато погоре е хечбек 1.4 бензин (оригинално со AFH) мотор од 1996г, 5 врати. А мењачот според кажување не е со сајли (ако е од некоја помош). Инаку се заеба нешто не сака во 5та брзина да влези, па како што го виде еден од мајсторите рече дека тој држачот бил нешто искривен ...

Tnx :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #10 на: 11 Јануари 2015, 19:42:30 pm »
На времето имавме фамилијарна Ибица од 97ма година, што е мање-више иста со твоето Поло. Кај нејзе се имаше манифестирано сличен проблем што го имаш и ти, ама со палење на загреан мотор. При ладен мотор, немаше никаков проблем, ама на загреан знаеше да затупи и да одбие да запали. Ибицата беше 1.9 дизел, ама како и да е, претпоставувам дека компонентите кои се наоѓаа во неа беа истите од Полото.

Ако добро се сеќавам, кај нас испадна дека проблемот е во сензорот за температура. Го сменивме, колата немаше мука.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #11 на: 11 Јануари 2015, 21:48:12 pm »
Сензорот за температура ако не си сигурен можеш да го провериш на следниот начин, извади го џекот од самиот сензор и мери му отпор ако нема никаква проводност прегорен е , а ако покажува да речеме на ладен мотор 2000-3000 ома а на загреан паѓа на 200-300 ома тогаш е добар, ова напамет зборам за омажата точно можеш да видеш во аутодатата кои вредности треба да ги дава  ама у глобала така функционираат сензорите позз.....

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #12 на: 11 Јануари 2015, 22:48:50 pm »
Majstor za Vw vo Bt, Stig clen e na forumot retko e aktiven podolgo vreme.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Ford_Sierra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
  • Sierra_86
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #13 на: 11 Јануари 2015, 23:34:56 pm »
Тоа што не ти качува температура, односно што на отворено ти ја држи на минимум сензорот нема врска со тоа туку врска има термостатот кој или е заглавен на отворено или воопшто го немаш. Промени си термостат  ;)

Отсутен igorjos

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Polo 6n - Проблем со палењето
« Одговори #14 на: 12 Јануари 2015, 23:28:31 pm »
Во суштина термостатот (термо-прекидачот) и сензорот за температура тука ти се едно исто, денес го менав и колата почна да функционира поинаку на подобро. т.е ја оставив да излади 3ч (пред тоа ја возев можеби 10мин). Кога ја запалив обртаите кренаја на 1000 (а доколку е по ладна како што гледав по спецификација треба да се околу 1100-1200), а потоа кога се загреа доволно слегоја на 900 што е баш како по спецификацијата.

Не се гуши колата дури е ладна, реагира добро на гаста, и дури е ладна не гасни под мала туража, што претходно беше проблем.

Инаку стариот термопрекидач во суштина имаше малку рѓа фатено околу прстенот кој влегува во цревото, но поголемиот дел од него беше здрав, е сега дали му поминал веќе векот или па каснел со инструкциите кои ги давал или давал грешни инструкции тоа нити знам нити му се замарам. Утре се надевам дека доволно ќе е изладена колата да пробам како ќе се понаша, но првичните резултати се позитивни. Додека саухот нема благе везе во целава ситуација :)

Па можеби оваа ситуација ќе им поможи на друигите со ист/сличен проблем.
Позз