Автор Тема: Битолска тема  (Прочитано 5443 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Битолска тема
« на: 31 Декември 2014, 16:20:32 pm »
Имам едно прашање за битАлчани... Знам дека ги има многу, ко кинези се.
Прашањево нема врска со мене ама има со мои блиски луѓе и проблем кој сакам да помогнам да се реши.

Дали зборот „кабадаја“ се користи во позитивна или во негативна конотација? Во кои случаи се користи во негативна а во кои случаи во позитивна конотација?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Битолска тема
« Одговори #1 на: 31 Декември 2014, 16:44:00 pm »
Golic kabadaja e vo negativna, a kabadaja malku popozitivna. :D Imas film be Mile izgledaj go.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Битолска тема
« Одговори #2 на: 31 Декември 2014, 16:55:39 pm »
Кој филм бе малака? Филм за што?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Битолска тема
« Одговори #3 на: 31 Декември 2014, 17:10:02 pm »
Еве го филмот :)

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Битолска тема
« Одговори #4 на: 31 Декември 2014, 17:12:59 pm »
Жими Миле, ебате кабадаја ;D
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Битолска тема
« Одговори #5 на: 31 Декември 2014, 17:26:41 pm »
Абе кој ќе го гледа ова цел саат, дај кажете а кратко ајде.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6845
  • French diamond
Одг: Битолска тема
« Одговори #6 на: 31 Декември 2014, 17:30:06 pm »
Кабадаја - Човек кој седи во кафич и има во него 500-600 евра и 40 денари за кафете кое што порачал и кога доаѓа келнерот Кабадајата ги вади парите ,ги брои ,ги брои еврата и таму некаде на крај му се 40-те денари за кафето....  ;D

Кабадаја (сленг) означува некомпетентна индивидуа од машки пол која залудно се обидува да создаде невистинска перцепција на големец за себе пред остатокот од општеството. Овој сленг наоѓа употреба главно во битолското говорно подрачје.

Голич кабадаја е посебен вид на кабадаја кој ги троши сите свои материјални средства, кои во повеќето случаи ги нема во изобилство, за да покаже големство пред другите.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Битолска тема
« Одговори #7 на: 31 Декември 2014, 17:31:51 pm »
Potocno zema 12000 plata a trosi 15000, 3000 da go otepas neznae od kaj mu se. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Битолска тема
« Одговори #8 на: 31 Декември 2014, 17:37:41 pm »
Како се фали Кабадаја:

А да ти го дам пасошо, да поднаучиш тро географија  ;D

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Битолска тема
« Одговори #9 на: 31 Декември 2014, 17:53:35 pm »
... ако е така го сечам на 40 парчиња по сантим

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Битолска тема
« Одговори #10 на: 31 Декември 2014, 17:58:49 pm »
На википедиа го прочитав истото, Copy/Paste баш и не ми помага.
Туку, има ли случај кога се користи во позитивна конотација?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Битолска тема
« Одговори #11 на: 31 Декември 2014, 19:04:00 pm »

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Битолска тема
« Одговори #12 на: 31 Декември 2014, 21:20:38 pm »
На википедиа го прочитав истото, Copy/Paste баш и не ми помага.
Туку, има ли случај кога се користи во позитивна конотација?

Кабадајчари бе, иначе се користи како позитивна конотација мое мислење. Кабадаја е мангуп шо би рекле вие скопјани. Само да не е голич кабадаја шо се вели кај нас. То ти е да се пофалиш со нешто шо го немаш или не е твое, или не е вистина. Имало случаи такви и тука. :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Битолска тема
« Одговори #13 на: 01 Јануари 2015, 14:26:14 pm »
На википедиа го прочитав истото, Copy/Paste баш и не ми помага.
Туку, има ли случај кога се користи во позитивна конотација?

Кабадајлукот се додека е во одредена мера има шмек. Кога преминваш во сељак тогаш е негативно.

Одредената мера е повеќе во правење некои body language движења, онакво долго тегнење на зборови, некои пцовки :), нема кој мене нешто да ми кажува, јас сум најпаметен ама пак ќе речам до одредена мера.

Во Битола, претежно е на мајтап то. „Еее кабадајчар еден“ или „Се искабадајчи“ демек се испофали, се „испува“ по скупски.

А има забегани шо им е животен стил и мислат дека другите им веруваат на нивните „достигнувања“ :)

Тоа е во кратки црти.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Битолска тема
« Одговори #14 на: 01 Јануари 2015, 14:35:25 pm »
Благодарност до битолчани за информациите, прекрасни сте. :D Ми дадовте одговор на прашањето :) сите добивате пиво од мене на следен собир.