Автор Тема: Предлог за автомобил за возач почетник  (Прочитано 2453 пати)

Отсутен PeroMKD94

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Предлог за автомобил за возач почетник
« на: 18 Декември 2014, 12:27:56 pm »
Здраво, возач почетник сум и сакам да се подновам за новава година со некое возило. :) Предлог некој за автомобил од 2003 година па нагоре, до 4.000 евра по можност да е дизел. До сега што сум гледал по огласиве, око ми фаќа Renault Megane 1.5 dCi и Opel Corsa 1.3 CDTI.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Предлог за автомобил за возач почетник
« Одговори #1 на: 18 Декември 2014, 12:57:18 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=981502
Тамам ти е и со киловатите, пошто до 75 kw ти дозволува законот, а ова има 66.
ПС: немора стрикно оваа од огласот да биде, ја ти ја давам како предлог, па ти можеш и ова да го разгледаш.
Другар зема пред некое време вакво со истиот мотор, 90 коња, внатре е доста комфорна и пространа, има доста место.
Иначе со овој мотор овие ги има и со 110 и 136 коња.