Еден од почестите проблеми што се појавува кај алфа 147/156/ГТ e запалена сијаличка за воздушните перничиња. Ако по иницијалниот тест пред палење, остане да свети црвената сијаличка со балон пред човечето, може да ве интересира оваа тема
Најпрвин, да нагласам дека не сум овластен механичар, ниту пак сум нешто посебно образуван на темава. Моите искуства и совети земете ги со доза на резерва и применувајте ги на ваша одговорност.
Викендов дојде на ред да погледнам што е проблемот со воздушните перничиња. Искрено, проблемов го имав повеќе месеци, ама ете, мрза
Треба кабел за поврзување на еку-то. VagCom со преправки за пин 3 (или адаптер 2 ако имате). Имам и ELM 327, ама тој не ми е преправен. Јас користам Fiat Ecu Scan, програмче на еден бугарски програмер, кој солидно си ја врши работа. Има бесплатна верзија, која покрива доста од дијагностиката, за некои интервенции треба комплетната верзија која чини 50 евра. Секако, постојат и куп други програми. Поврзување на конекторот под волан, со даден контакт. Дијагностика на Airbag ECU. Инаку, сега е моментот да споменам дека обичните кабли кои се продаваат немаат можност за поврзување на овој компјутер бидејќи воздушните перничиња се нели, во некоја рака, експлозив
башка, релативно пипав систем за безбедност. Доколку ова не ве паничи, одиме понатаму. По поврзувањето, гледам грешка 22 - Curtain airbag squib(passanger). Ова е најчестиот проблем, со сопатничките завеси. Обично проблемот е до конекторите кои се наоѓаат во ... багажникот
Од двете страни на багажникот, веднаш кај штоп светлата, има пристапни џебови.
Пред да почнеме да си играме со овие конектори, откачете минус клемата на акумулатор, и убаво е да се почека 15-тина минути, да се испразнат сите кондензатори. Секако, можете да си играте и без овие предострожности, ама после раскажете како изгледа ако пукне аирбаг во работа ))Значи, по откачување на акумулаторот и паузата, го отвараме пристапниот џеб, на сопатничката страна(таа беше проблематична кај мене). Бараме кабел со жолта боја, и голем жолт конектор. Проверка на ова, откачување, чистење, контакт спреј, и пак назад обично го решава проблемот. Во екстремни случаи, преправка на конекторите или директно врзување, кај мене немаше потреба. Изолација, и фиксирање на конекторот со изолир е опција. Затварање се назад, поврзување на акумулаторот, поврзување на еку-то и чистење на грешките. Ако е се во ред, грешката ќе остане исчистена, и црвената сијаличка ќе остане изгасена по иницијалниот тест.
Друг конектор кој знае да биде проблематичен, се наоѓа под седиштата, за они модели кои имаат перничиња во нив. Принципот за средување е истиот, секако по дијагностика кој упатува на оваа страна. Веднап под нозете, исто дречлива жолта боја.
време за пиво