Онак бреееее, и онака ми е салата мозокот, ме докусури 
Дај превод леба ти 
Алупласт црева од касетата за парно (од кујната), се пуштени до бољерот во бањата за да се поврзи со парното.
Пластични цевки (од оние за надворешна инсталација на вода во бања), се пуштени за врзување со солар.
Тинг инокс ми нудат со една спирала 12100 денара за врзување или само со парно или само со солар.
Тинг инокс со 2 спирали 14500 денари за да се поврзе и на двата начина, и со солар и со парно. Ова со спиралите можда лупнав нешто 
Кој бренд бољер и кој тип?
ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ.
чим имаш со пластични цевки (како за водовод) донесени од горе (се викаат ППР цевки),
зимај со една спирала т.е. ДИПЛИ, плус поевтин ти е тој. на тинг инокс не се лоши бојлерите.. всушност терминот не се лоши не е правилен. одлични се, ако се со иноксен казан.
да појаснам зашто неможеш да поставиш бојлер со 2 спирали... затоа што на тие пластични цевки НЕМОЖЕШ да поврзеш солар. летно време во нај топлото, кога од соларот знае да се симне жежок антифриз (гликол) и преку 150 степени, ке пукнат цевките, нема да ја додржат таа температура... на тие пластични цевки можеш да поврзеш само уште еден бојлер кој ке биде на соларот. значи кај тебе при поврзување на новиот бојлер, ке му посочиш на водоводџијата да ти спреми приклучок за ПАРАЛЕЛНО поврзување на ВТОР БОЈЛЕР, притоа да имаш избор дали сакаш едниот или другиот бојлер да го користиш, командувано со вентили...
ова ти е совет, ако нејкеш во иднина да си имаш зезанции кога ке решиш да тураш солар. еве ти набризинка нацртана мала шема како треба да изгледа твоето приклучување:

значи да повторам... со една спирала... види само дали од лево или од десно ти одговара, според цевките од парното од која страна ти доаѓаат...