Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 509432 пати)

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5208
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #405 на: 19 Декември 2016, 21:03:49 pm »
Па најверојатно ќе биде Бекото, се мислев и за но фрост ама некако незнам баш. Во принцип гледам да земам подобра енергетска класа а ова беково класично е А++, а ко што гледам но фростот на горишно ниво по 80-100кв плус по спецификација трошат.

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #406 на: 30 Декември 2016, 13:17:23 pm »
Дечки ај препорачајте машина за сушење на алишта до 30.000 ден не ја бива ваа веќе како имигрантине сме дома преку глава ми е од прескокнување на сушари...да биде само класа А.Секакви предлози

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5208
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #408 на: 31 Декември 2016, 21:08:42 pm »
Што правосмуалки користите по дома, треба да зимам некоја... Не ми се даваат многу пари, да не е класика со кесиве. Моиве имаат од евтините од Сет на вода за 3000денари и сосема солидна е, нешто слично да препорачате? Немам искуство со оние како без кеса што се со некои филтри ко за прашина.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #409 на: 01 Јануари 2017, 09:54:47 am »
Јас имав (им ја дадов на моите) беко на вода и не е лоша. Единствен проблем и е што е гломазна. Сега имаме зануси со хепа филтер и пластична корпа земена од нептун. Бекото е 1800вати а занусито само 700 вати, а влече дупло повеќе од бекото.
Едит: Занусито беше околу 3000-3500 ден.

Еве го бекото


Еве го зануси

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5208
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #410 на: 01 Јануари 2017, 11:40:15 am »
A odnos na cistenjeto kako e zanusito? Fakja li se od prasina? Slabee li kako sto se puni? Deka ovie so vodava ne slabee kako se puni

Sent from my COOLPAD 8297W using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #411 на: 01 Јануари 2017, 12:12:59 pm »
Занусито има пластичен сад за покрупните работи. Отвараш тресеш го миеш под вода и толку. Хепа филтерот се тресе или може да се издува со компресор еднаш месечно. Силата не му се намалува и кога е преполн. Додека филтерот кај бекото, двапати ми се деси да се затне скрос и да не влече ич. Според мене занусито е по практичен, по лесен за чистење, поевтин и не фака простор колку бекото.
Кога бевме да бираме усисивач ги гледавме самсунг, филипс, ровента.... а главната причина што се одлучивме за зануси беше тоа што највеќе влечеше.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #412 на: 26 Февруари 2017, 23:57:06 pm »
Дечки ми треба помош сакам да земам Аспиратор и единечна плотна на плин вградливи за во помшна кујна на другиот дел од куќата која сега ја правам.....Сакам аспираторот да биди со клапна т.е да затвора кога нема да работи, бев во Нептун и во Сетек но многу малку од аспираторите ги имаат тие клапни па прашањето ми е дали може од некаде посебно да се земе таа клапна и накнадно да ја уградам, исто слушнав незнам дали е точно дека некои аспиратори биле по бучни а други потифки со турбински мотор, на декларацијата гледав половина немаат колку децибели ствараат бука, некој што земал да ми помогне во изборот поззз....

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2244
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #413 на: 27 Февруари 2017, 00:46:19 am »
Оди во Електро Промет во Кавадарци,имаш аспиратори и клапни ф120-ф150
http://www2.leksgroup.com/l_mk/?s=3&i=9&c=16


Јас пред година и нешто земав Електро промет аспиратор,фурна,плотна,маш.за садови,умивалник и чешма,бољерче.
Овој аспиратор го имам и сум презадоволен,влече многу 800м3/ч.

http://www2.leksgroup.com/l_mk/?s=5&i=9&c=101&pid=1556
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1554
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #414 на: 08 Март 2017, 15:04:54 pm »
Дечки Помош за овие 2работи, имал ли некој искуство  :
- на 06.02 оставена на поправка панелка во Нептун = Сервис маекдонија и сеуште нема ни трага ни глас од нив.
Замена за нов уред се прави после месец дена или 30 дена ??? Треба некое барање да пуштам ...
- Пред 18.02 купена направа/апарат од аптека , за него задолжен за сервис е Би Мек доо. Им го пуштив денес по карго , во меѓу време дознав за ист случај како мојот кој не завршил убаво- едноставно му рекле апаратот си работи како што треба, вие не знаете да го користите. Што да правам доколку и мене ми се случи тоа ???
однапред фала ви многу

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #415 на: 08 Март 2017, 15:10:26 pm »
Другар имаше слично сценарио ко твоето, камера под гаранција не му се палеше, ја врати, ни трага ни глас после 90 дена, потоа му рекле ние не одговараме за се што останало подолго од 90 дена си требал барање да поднесеш за 30 дена не знам што камерата ти ја немаме. Си ги пријави во полиција, им се јави изгледа некој џандар, одма го побараа они и му дадоа нова камера.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #416 на: 08 Март 2017, 17:24:13 pm »
Имаш ли документ земено дека си му го дал на сервис апаратотт - Панелката?
Колку што знам ако не ја поправат во рок од 45 дена, треба да ти дадат нова. Не знам колку е точно тоа дека по новиот закон, можеш без никаква причина да ја вратиш и да си ги побараш парите назад.

Во врска со апаратот пратен по карго, се надевам ја чуваш белешката.
Процедурата е иста како погоре.

Во секој случај, имаш инспекција, полиција и организација на потрошувачи:
https://zk.mk/consumers-organization-of-macedonia-organizacija-na-potrosuvacite?lang=en

Ако преќутиш и подголтнеш, ќе бидеш како многуте други поради кои се случуваат вакви работи.

Пред нова година земавме на рати од Сетек некои апарати. Демек без камата...
Одобрено и си ги зедовме апаратите во Декември. Од тогаш никој не сопира рата по траен налог и никој не се јавува за рата. Одиме во банка да прашаме шо е работа и да уплатиме рати, ни викаат нема одоберние и немаме каде да ги уплатиме тие пари. Од банка во Скопје ни викат, кредитот не е одобрен  :D и се газам од смеа... Ние апаратите ги имаме 3 месеца а кредитот не одобрен. Се јавувам во Сетек во Кавадарци и ми викаат а бе вие треба уште еден документ да доставите, знаете ли дека ќе ве дадат на извршител? Молим!?!?!? Знаеш ли ти со кој разговараш му викам или мислиш на зелен пазар си? Пишење порака на ФБ на Сетек и во рок од 40 секунди ми се јавуваат од маркетинг. Му објаснувам и се крстат... Па од финансии ми се јавија од Сетек па не било без камата преку Стопанска. Еее викам, сега да си ги смените документите како знаете. Па ми се јавија господата неписмени од Сетек Кавадарци да ми дадат 2 понуди, преку стопанска банка и преку силк банка за да си одберам 8) И сега чекаат да одберам па да одобрат кредит. Ву меѓувреме, телевизорот си работи четврт месец дома, слушалките многу убаво гледаат филмови од екстерниот ХДД веќе четврт месец. Ко че то да плати, поима немам  :D  :D  :D

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #417 на: 09 Март 2017, 14:56:43 pm »
Ќе треба да купувам машина за перење. Какво ви е искуството со комбинирана перење/сушење? Ограничен сум со простор и нема прирордна вентилација.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #418 на: 09 Март 2017, 15:01:52 pm »
@pirat_07 ако можеш вака во лимбо да ги држиш неодредено време цар си ;D
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #419 на: 09 Март 2017, 16:07:31 pm »
До денес ги држев, нема смисла, комшија ми е вработениот. Како да се симнам на негово ниво???
Ми се јави и ми вика а бе шо направи?

Е сега ми дообјасна денес, за суми над 40,000 денари така било давале грејс период од 3 месеца. WTF, am i retarded???
Ok, i am retarded, you feel good thinking that i believe you.

Е сега тој од финансии го заддржувал предметот оти фалеле рекапитулари инаку ќе не дадел на извршител. WTF?
Ок дома си ми, да не бидам некултурен, му реков: Комши, немој да ме јебеш, законот за извршители е сменет а и да не е немаш основ за на извршител да ме дадеш. Друга работа му викам - Ти си продавач, тој од финансии (што не знаеше на колку рати од стопанска е без камата), е можеби економист, а јас сум правник, така да ај не трескај на празно терај по патот.

А бе чуму глумење лудило???
Комши, ние ја згрешивме, не побаравме се што треба и не си ја завршивме работата како што се бара од нас. Да те замолам да донесеш уште 2 рекапитулари и да ме ослободиш од обврската и теретот на работно место.

И готово, решен проблем. Не сум будала да не ти излезам во пресрет или пак да си бегам од обврските.


А бе чуму глумење лудило??? А бе чуму глумење лудило??? А бе чуму глумење лудило??? А бе чуму глумење лудило??? А бе чуму глумење лудило???

Ааааа да...
Четворица ја пополнувааа апликацијата на он лајн платформата на стопанска банка цели 2 часа  ;D