Цената е иста, гаранција исто, не знам дали оваа од Сетек има одложен старт.
Јас лично сметам дека Кенди е подобар бренд, дополнително што е во групација со Hoover, башка што секогаш кога би имал прилика би земал од Нептун наместо од Сетек.
Јас кога ја земав мојата пред 5 години, беше 400 евра, така да цените им се поефтинети.
Лани цената не беше иста, тоа го гарантирам. Дали има одложен старт не сум сигурен, да не зборувам на празно.
Моето искуство е поразлично од твоето мислење, моделите на Candy што се носат кај нас не ги бива. (Правам муабет за сушарите погоре, како таа Б, така и таа А/+ класа).
Дали би купил пре од Нептун него од Сетек, тоа е веќе избор на секој посебно.

Ако више толку мора од Нептун, подобро нека земе Beko.
Нареден период ќе одат уште нагоре цените на буквално се. И тоа солидно нагоре...
Верувам во тоа...