Дечки, молам за совет околу машина за перење алишта... старата не мрда веќе
а ми треба итно да одберам нешто...
Имам на пик четири:
FAVORIT MPI-8124 15799ден (техномаркет)
BEKO WTV8634XS0 19319ден (нептун)
BEKO WTV8734XS0 21159ден (нептун)
SAMSUNG WW80J5446FW 21999ден (сетек)
Сите се продаваат со 5 години гаранција (10 на мотор).
Сите се со инвертер мотор.
Горе долу ги имаат истите „опции“
Фала
Ги пратам веќе со месеци сите машини.
Сакав да си купам LG. Ама во тие димензии шо ми треба не ја даваат под 30 000.
Си ја пазарив самсунгот. Баш оваа шо ја гледаш.
Во се е подобра од LG то.
Подобро пери, потивка е, повеќе вртежи, 5 год гаранција (наспроти 2 на лг), помалку струја и помалку вода троши.
Ако те интересираат детали можам да ти пратам тест направен во англија на машини за перење од различни ценовни ранг.
Самсунгот со еко бабл пери најдобро. После неа е LG.
Исто така во англија 3 год со ред најмалку расиплива е Самсунгот. Тесно на второ место е LG. Оваа година е прва LG.
За тие пари нема ништо слично шо можиш да купиш со тие перформанси во моментов.