Автор Тема: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)  (Прочитано 3434 пати)

Отсутен Бојан

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« на: 11 Декември 2014, 15:53:09 pm »
Како што пишува и во насловот, еден од овие автомобили дизел до 3500-4000еу.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #1 на: 11 Декември 2014, 16:35:20 pm »
јас имав кангу од 2004 1.9 обичен дизел, не бев задоволен. Колата имаше само 80 000 километри (сигурен сум) и имаше голем проблем со бошот, на топло време колата одеше во limp mode, и не примаше гас па морав да ја гасам и палам наново. Од муабети со други луѓе на многу реноа се јавувал истиот проблем.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #2 на: 11 Декември 2014, 20:37:06 pm »
Здраво Бојан, од мое искуство јас би ти предложил да земеш партнер(берлинго) 1.9 обичен дизел, а еве ја и причината: Татко ми имаат службен партнер 1.9 2008 год. со преку 300.000км (околу 70% од км. се поминати на отворено) без никаков проблем досега со моторот, чичко ми има цитроен zx и берлинго со истиот мотор и двете,  zx-от е 96-та, а берлингото е 2008. год. последното берлинго со 1.9 мотор... Берлингото има поминато некои 70.000км, а zx-от околу 220.000к (90% од км. се поминати во град) и до сега немаат никакви посериозни проблеми со моторот... Ги имам возено сите коли и околу перформансите на атмосферските дизел нема што да ти се фалам и самиот знаеш дека си се тракторчиња, не трошат многу ама поминуваат многу километри без посериозни проблеми... Како службено кај татко ми имаат и добло ван 2008 година 1.3 75кс мултиџет дизел, кое е ок возило, но не се фали баш татко ми од него, знам дека кога го земаа до кај 120.000км немаше никакви проблеми, па после тоа имаше некои проблеми со турбото мислам или со компјутерот не сум сигурен... Одкако го вратија од сервис нешто не влечеше како што треба баш спомна татко ми... Па пак беше на сервисирање, па го оправија и сега е супер, има поминато некои 200.000км... Малце повеќе го отупев со постов, ама само сакав да ти помогнам во изборот... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Бојан

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #3 на: 11 Декември 2014, 22:03:57 pm »
Најмногу око ми фаќаат Фиатите, се распрашав по пријатели кој имаат такво викаат дека се поевтини резервните делови, сервис, а како што гледам имаат и најголем гепек а тоа и најмногу ми треба. Сепак фала за пишаното ке го земам во предвид.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1123112  ова го гледав 4800еу  вака на слики добро изгледа
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1432207  4500 еу
Искрено незнам што ???

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #4 на: 11 Декември 2014, 22:07:58 pm »
Вакви имаме 3 на работа, едно бев задолжен јас и само јас го возев. Ти кажаа ли пријателите дека знае да троши и 10 литри со нормална вожња без проблем?

Отсутен Бојан

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #5 на: 11 Декември 2014, 22:14:01 pm »
Уф 10 литри тоа е многу, 1,3 75кс можно е толку да троши ?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #6 на: 11 Декември 2014, 22:15:35 pm »
1.25 се поточно :) И не, не се поефтини за оддржавање од партнер или берлинго....

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #7 на: 11 Декември 2014, 22:53:13 pm »
Вакви имаме 3 на работа, едно бев задолжен јас и само јас го возев. Ти кажаа ли пријателите дека знае да троши и 10 литри со нормална вожња без проблем?

Алоо, дечко ти добар си ?? 10 литри нафта во град 1.3 мултиџет ДИЗЕЛ, значи Д-И-З-Е-Л ?!?!

1.25 се поточно :) И не, не се поефтини за оддржавање од партнер или берлинго....

А оваа па информација од кај ти е за 1.25 дека се, дај бе не треси зелени и не се резили, ако знаеш збори ако не ќути... Иначе просек град отворено со доблото е 5.7 на борд, ако имам можност ќе сликам
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #8 на: 11 Декември 2014, 22:58:48 pm »
Абе торко, возев добло година дена пред 5-6 години кога ти првпат се сликаше за слободна за јсп. Доблото троши и пред да се правиш паметен за нешто што возел чичко ти провери прво убаво на нет пошто за разлика од тебе 50 пати сум ја гледал сообраќајната на тоа мочоно добло...
http://www.cars-data.com/en/fiat-dobl-1.3-multijet-16v-active-specs/11974
еве чисто за пример на 100ка на отворено троши 7
« Последно менување: 11 Декември 2014, 23:08:38 pm achtung »

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #9 на: 11 Декември 2014, 23:12:17 pm »
Како што можам да видам, ова што си ми го пратил е 1.3 85 кс, а не 1.3 75 кс, а не  еднаш се имам возено  со доблото и лично го имам возено... Како прво незнам од каде логикава 10 литри нафта 1.3 моторче, а како второ дури 4 литри лаже бордот, башка роден татко да ме лаже?!?!  
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #10 на: 11 Декември 2014, 23:14:40 pm »
Добло нема 75кс 1.3 дизел, или е со 70кс постариот модел или е со 85 кс поновиот модел.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #11 на: 11 Декември 2014, 23:17:11 pm »
А оваа па информација од кај ти е за 1.25 дека се, дај бе не треси зелени и не се резили, ако знаеш збори ако не ќути... Иначе просек град отворено со доблото е 5.7 на борд, ако имам можност ќе сликам

За потрошувачката неможам да коментирам, ама за работната зафатнина ке коментирам.
1248 кубни центиметри му е, така да убаво си кажа ахтунг, 1.25 е, незнам со која логика го пишуваат 1.3


Еве ти ги сите добловци, отвори си и провери си ;)
http://www.autoevolution.com/fiat/doblo/

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #12 на: 11 Декември 2014, 23:21:46 pm »
http://www.1001moteurs.com/performance/view-Fiat-Doblo-Cargo+1-3+JTD-13041.html
Ок, како и да е тоа е најмалку битно, ајде сега не е 1.4 1.36 е... Добло Карго 1.3 55k...
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Предлог за автомобил(добло,канго,партнер)
« Одговори #13 на: 11 Декември 2014, 23:30:03 pm »
Која е поентата да ги заокружуваме волумените на две децимали?
Не бидете тиквари, не бил 1.3 туку бил 1.25. Голем ташак. Ако гледаш така ниту една кола не е точно на прва децимала. Сите се заокружени. 800 кубика е 789, 1000 кубика е 930, 1100 кубика е 1025, 1400 е 1,33-1,35. И што е битно на крај краева колку милиметри кубни биле?

Јас возам повремено добло 1.3 турбо-дизел и никогаш не сум го видел бордот над 7 литри потрошувачка при градско возење. Исто толку троши и Кангу 1.5dci.