Форумџии еве сум и јас со еден проект за средување.
Всушност се работи за ставање во употреба на дедо ми колата која веќе долго време не се вози.
Немаше да се средува и беше заборавена,но сестра ми положи пред 3-4 месеци и се мислевме да земеме некоја од бугарскиве.Но по мала проверка воочивме дека сите се со мани и се премисливме.Во меѓувреме дадовме предлог да ја вратиме во живот фамилијарната флорида.
Иако стара над 20 години на крај увидовме дека е многу подобра инвестиција од странските ѓубриња.
Прв газда е дедо ми и никогаш не е удрена,
километри реални 70000км,Прва боја,сервисна книшка со сите сервиси досега.
Звучи неверојатно но тоа е вистината.
На неа се е сменето околу мотор пред 4-5 години кога се возеше со сите нови делови.така да околу него ќе нема фаќање.
Не е регистирана 3 години и така ни стоеше пред паркинг на зграда па на мој предлог решивме да ја вратиме во употреба.
Да напоменам дека од неа нема да правиме тркачка кола,туку ќе се осврнеме да колата се среди механички и визуелно
Колата е навистина добра и ретко зачуван примерок.
Ја однесовме на мајстор на проверка и тој се изненади колку е сочувана колата.По детална проверка испушти воздух на кочници и смени уље Castrol,a денеска ќе менува и некои црева за парно,и ќе ставел антифриз во неа и уље во менувач.
Во меѓувреме купивме и патосници и треба денес да се монтираат.
Е сега,темава ја отварам бидејќи се надевам дека овде ќе наидам на помош за делови и совети каде да се најдат работи сега и во иднина.
Во моментов потребно ми се следниве делови:
1.десен преден жмигавец
2. два амортизери за задна 5 врата.Не држат многу па несакаме да ризикуваме и ќе одат на промена.
3.лево седиште е малку потцепано,па сакаме да најдеме друго или да го тапацираме.Добро би било ако некој знае дали фаќа од некоја друга кола седиште или ќе мора да биде од флорида.Би можело и некое спортско да дојде во предвид.Удобноста е најголем приоритет.
4.Ќе треба да се полира,бидејќи колата е прва боја,но голема желба ми е ова сам да го пробам,па ако може совет дали има некоја паста која добро полира
без да се користат оние швишајбни.Значи би платил и поскапо,ама да е квалитет и да има видлив ефект т.е да не се разочарувам.
Мајсторот ми јави сега и напомена дека и гумите од стоење на манжетна(незнам дали го напишав правилно)
се отидени и треба да се сменат.Па ќе се земаат нови(ако знае некој каде да купам нека кажува,бидејќи он немал)
Тоа е сега засега!И фали регистрација уште,но незнам дали да ја носам денес без десен жмигавец или би можел да поминам и без тоа.
Ако знаете некој кој продава делови или па доколку вие имате нешто дома од тоа што ми треба ве молам пишете.Благодарам па да ја исполирам и ќе ставиме слики овде од проектот