Автор Тема: Како се подесува покажувачот на нивото за плин на ТНГ уредите  (Прочитано 1735 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Кратко упатство како да си го стокмите индикаторот со сијаличките за плин:

Секој уред има подесување на индикаторите преку софтверот. Кај  Lovato изгледа отприлика вака:



Бираме Gas level indicator, има наведено неколку стандардни, и имаме Non-Standard, каде ни` дозволува кастм внесување на бројки (поточно омската вредност на сензорот за ниво), за секоја диода посебно.

Имаме резерва, прва сијаличка (1/4 танк), втора сијаличка (2/4 или 1/2 танк) и 3/4 танк.
Имаме и уште една бројка од страна, која ни` ја покажува моменталната вредност на мерачот во оми.

Соодветно на тоа, кога е боцата полна треба да светат 4 зелени сијалички, а кога е на резева, треба да сети само црвената сијаличка.
Пошто јас си ја знам мојата боца, и кога имам колку гориво (од 2011, и 80-тина илјади километри до сега),  можев доста лесно да ја подесам со едно полнење. Но за „новајлии“ препорачувам друг принцип.

Прво неколку пати да се наполни боцата до крај, и да се испразни до крај, значи цедење до даска, и возење до плинара на бензин Така единствено ќе дознаете точно колку литри може максимум да се натанка во боцата.

Откако ќе утврдиме колку максимум литри собира, може да си ја испразниме (до даске) и да почнеме со малтретирање на чоекот што ни` го монтирал плинот:)

Пример, боцата собира максимум 52 литри плин. 1/2 резервоар е 26л, 1/4 резервоар е 13л, 3/4 резервоар е 39л плин.

Со сервисерот и неговата дијагностика на лаптоп директ на плинара.
Полните 13л, причекувате малку да се стабилизира пловакот, ја запишувате вредноста од „level“ во полето за 1/4,
продолжувате со уште 13л, па вредноста ја внесувате во полето 2/4, и уште 13л за во полето 3/4.
Резервата ја запишувате произволно, ама да биде помала од вредноста за 1/4 резервоар.

И тоа е тоа. Треба малку трткање, ама тоа е единствен начин прецизно да се подеси индикаторот за плин.
« Последно менување: 30 Ноември 2014, 09:33:12 am Simo - Carrier166 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
со мала напомена дека:

1. само ловато и ландирензо имаат можност во софтверот да буричкаш за овој тип на штелување... останатите плински уреди, кои се достапни кај нас на пазарот баш и немаат вакви можности.

2. треба да имаш инсталиран уред со омска вредност, а не со диодно отчитување.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Мене ми се смачи и си водам евиденција во тетраче.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Мене ми беше гајле, се` дур не ја видов опцијата, па си реков, зошто да не. Првиот пат, наместо 54л, наполнив 26л и си го штелнав второто LED-че, следниот пат кога ја потрошив боцата, наполнив 13л и го штелнав и првото LED-че, а и за третото исто. Ама јас си имам дијагностички кабел и софтвер, па лесно ми е.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Немам време ниту нерви за вакви заебанции, со 1000 денари поминувам 300-350 км. Последниве 2-3 полнења рачунам 8.5 потрошња, без пазење. Да се извози пензионерски една илјадарка, ќе се поминат повеќе километри. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
А софтверот/интерфејсот каде да ги најдам? :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Playstore ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Немам време ниту нерви за вакви заебанции, со 1000 денари поминувам 300-350 км. Последниве 2-3 полнења рачунам 8.5 потрошња, без пазење. Да се извози пензионерски една илјадарка, ќе се поминат повеќе километри. :)
Далеку е од неопходно, но често пати на форумов се спомнува непрецизноста на мерачот. Има лек, не е дека нема, затоа е и направена таа опција. Со три дополнувања на плин се решава проблемот. Само треба мајсторот со дијагностичкиот лаптоп, заедно со газдата да застанат на плинара и да му кажат на дечкото што точи, по која шема да наточи. 1/4 резервоар, пауза за отчитување и внесување на вредноста, 1/2 резервоар, пак пауза, 3/4 резервоар, пак пауза и готво. Паузата не би била повеќе од 1 минута, колку да се учита и внесе бројче, може и пократко.
А софтверот/интерфејсот каде да ги најдам? :)
Све има по нетов... и софтвер и интерфејси.. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.