Клабери, за вкусво не се расправа затоа што мојот секогаш е во право.

Како и за се во животот, така и пивото постојат повеќе типови, вкусови, различни начини на правење па дури постои пиво што не треба да се конзумира со храна, постои пиво што е направено да се конзумира само со храна, некои од навика само на Скопско - најбоље им е Скопското, гледам пола Бугарија Каменица пие, пивото на мене ми е ко изветреано и расипано, но на луѓето тоа им се допаѓа, некои сакаат погазирано и светло, други сакаат негазирано и темно, знам луѓе што сакаат црвено пиво, овошно пиво, темно пиво 3 пати печено ко Гинисот има и појаки и од него. Еве и за сок да се дискутира, познавам многу луѓе што не сакаат кока кола да видат, други пак се зарзени на пепси и фанта, трети на кокта.
Но како и да е, факт е дека во Македонија сме сиромави со различност на вкусови за разлика дури и од Бугарија па и Грција во последно време и некој нов бренд како Македонското пиво наместо да се пробие со поголем избор и појаки вкусови, мене ми изглеа ко некое рандом пиво од Прилепска пивара разредено, познавм илјадници луѓе што им е омилено, дури одат специјално во оној центар барон на рекорд за да го пијат свежо точено пошо од таму им било најубаво. Ме радува што пивницана на Темов горе во Чаршија знае да понуди пиво со поостар вкус и поголем избор од другите пивари, ме радува и тоа што постојат пабови и кафичи што увезуваат пиво и е во добар квалитет увозното.