Автор Тема: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI  (Прочитано 8559 пати)

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« на: 25 Ноември 2014, 10:35:04 am »
Заинтересиран сум за количе со некое од овие мотори. Кое е вашето искуство со нив, како што гледам сите си имаат свои предности и свои недостатоци, но кое е вашето лично искуство. 


1.4ТДИ 75hp - малку троши, еластичен - висок обртен момент, но 3 клипа колку е доверлив, на интернет кружат многу муабети дека немаат долг век на поминати километри, а реално половна дизел кола тешко да се најде под 180 000 км.

1.9СДИ 64hp - малку  троши, едноставен за одржување, доверлив врти и до 1.000000 км, али претерано спор и не еластичен, па и не е  работа да не можеш да поминеш шлепер накај стража нагоре.

1.9ТДИ 101hp - малку повеќе троши од другиве но е стар волк  :)

Која е разликата меѓу овој 1.4 тди 75 и 1.9 тди 101 дали е само еден клип ампутиран?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #1 на: 25 Ноември 2014, 10:39:13 am »
1.4 TDI - претерано нерафиниран, бучен. Не би го препорачал.
1.9 SDI - ќе тера милионче ако се чува како што треба (и ако бил чуван како што треба, нели). Порафиниран од 1.4 TDI, али приметливо спор. Мада до кај 160 си тера без мака (ако ти е битно тоа).
1.9 TDI - би го препорачал пред другите два. Мада не знам од која година е тој 101 КС, јас на Леонот имав ваков мотор со 110 КС и си е повеќе од доволно моќен, а истовремено може да биде претерано економичен (ако знаеш да го возиш така :)).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 792
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #2 на: 25 Ноември 2014, 10:43:04 am »
1.9 tdi 101 кс не се ни споредува со другиве два, смешно е. Али за неприметлива потрошувачка имаш 30 кс+ и башка најмалку кварови. 1.9 тди 131 кс. Тој е моторот

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #3 на: 25 Ноември 2014, 10:53:39 am »
1.4 TDI - претерано нерафиниран, бучен. Не би го препорачал.
1.9 SDI - ќе тера милионче ако се чува како што треба (и ако бил чуван како што треба, нели). Порафиниран од 1.4 TDI, али приметливо спор. Мада до кај 160 си тера без мака (ако ти е битно тоа).
1.9 TDI - би го препорачал пред другите два. Мада не знам од која година е тој 101 КС, јас на Леонот имав ваков мотор со 110 КС и си е повеќе од доволно моќен, а истовремено може да биде претерано економичен (ако знаеш да го возиш така :)).

Конкретно ме интересира за овие мотори во Сеат Ибиза 2003-2005.

1.4ТДИ - да бучен е и покрај другото, но кај него ми е занимлива потрошњата на гориво...
1.9СДИ - не ми е толку битна максималната брзина 90% ми е за низ град, а и на отворено возим до 140-150 макс, важно ми е моторот да е еластичен и да има сила на кратко растојание да повлече и престигне друго возило, камион, трактор а кај овој тоа му фали.
1.9ТДИ - Изгледа е погодокот, и еластичен и доверлив а може и малку да троши. :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #4 на: 25 Ноември 2014, 10:56:20 am »
Според мене, преголем компромис треба да направиш за нерафинираноста и бучноста на 1.4 ТДИ, за да добиеш маргинално помала потрошувачка во однос на другите два.

За 1.9 СДИ, спот-он, се’ што кажа е точно.

1.9 ТДИ е дефинитивно најдобриот избор од овие три, баш поради тоа што ти кажав, а и што самиот го знаеш. Доволно е моќен, еластичен, доверлив (ако го чуваш како што треба), и економичен.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #5 на: 25 Ноември 2014, 10:58:09 am »
Возам Ибица 1.4TDI PD 2004г. 75кс. Тракторче кое добро потегнува, доволно живо во град. Потрошувачка во гратски услови од 5 па се до 7 литри, отворено од 4 при цирка 90км/ч. Најефтина регистрација, поскапо масло бараат PD моторите поради жедта за брегасти. Моја препорака би одела за класичниот 1.9 TDI со обична турбина и 90кс. Варијабилните турбини на фризираните со две три црвени страдаат почесто и се поскапи за сервис.

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #6 на: 25 Ноември 2014, 11:01:38 am »
Јасно е фала ви на сите  ;)

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5659
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #7 на: 25 Ноември 2014, 11:28:11 am »
Jas mozam da potvrdam za niskata potrosuvacka na 1.4 TDI motorot.
Surata go vozi i navistina mnogu malku trosi na otvoreno, pa i vo grad.

A sto si brci, si brci.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #8 на: 25 Ноември 2014, 12:17:37 pm »
Јас па имав другар со Поло 1.4 ТДИ кај се не го однесе и сите му велеа дека се е во ред, потрошувачката не му се симна под 7 литри во град. Нормално, го продаде.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #9 на: 25 Ноември 2014, 12:21:51 pm »
Сабајле одвај под 8литри го спуштив по борд. Во 8 часот, на 8км рута одвај дигна 75целз по инструмент.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #10 на: 25 Ноември 2014, 14:53:01 pm »
Другарче, член на форумов Boki9n имаше поло 1.4 TDI и потрошувачката во град му беше 5.5-6 литри на 100км, моторот е прилично бучен, затоа што е со три клипа, ок си потегнува како што кажа и ARMEX, сосема доволен за низ град, но ова не би бил мојот избор...
И јас би ти препорачал, дефинитивно 1.9  TDI ,  тој мотор го носи и голф 4 од 2001, како и голф 5, ауди а3 од 2001 и др.  Ова е дефинитивни легендарен мотор, доволно силен, а сепак штедлив и издржлив... До сега само убави зборови сум слушнал за овој мотор и ти го препорачувам... Со дефанзивно возење јас мислам дека и со овој мотор може да се извади добра потрошувачка , како и да е не верувам да троши повеке од 7 во град... Така да 1.9 TDI  е официјално bestbuy... ;D
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #11 на: 25 Ноември 2014, 16:12:41 pm »
колку би платил за ибица 1.9сди со 64 коња со целосна сервисна книшка 2003год. мислам беше,поминати околу 100.000км реални
2ри газди,неувезена,можеш да си ја провериш каде сакаш

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #12 на: 25 Ноември 2014, 20:09:09 pm »
колку би платил за ибица 1.9сди со 64 коња со целосна сервисна книшка 2003год. мислам беше,поминати околу 100.000км реални
2ри газди,неувезена,можеш да си ја провериш каде сакаш

Со колку врати е? Заинтересиран сум исклучиво со 3 врати.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #13 на: 25 Ноември 2014, 22:42:13 pm »
меѓу другите предности и мани на наведениве мотори,треба да се размислува и за годишна регистрација и зелен картон(ако се планира да се вози и надвор од МК).за тоа колку се издржливи трите мотори,немам такво искуство,ама немам слушнато/прочитано некој да се жали конкретно од 1.4 TDI.за во кола како ибицата е сосема доволен,има 200 Nm торк и 75 КС.можда е бучен,ама немам споредено со 1.9 тди од исто годиште во ибица дали е приметлива разликата.ќе возиш со музика цело време и нема да имаш мука :)
на крај краева,пошто нема да купуваш нова кола од салон,изборот ќе ти се сведе која кола е најсочувана од тие што ти се во избор,без разлика кој мотор го има

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: 1.4TDI vs 1.9TDI vs 1.9SDI
« Одговори #14 на: 25 Ноември 2014, 23:37:49 pm »
колку би платил за ибица 1.9сди со 64 коња со целосна сервисна книшка 2003год. мислам беше,поминати околу 100.000км реални
2ри газди,неувезена,можеш да си ја провериш каде сакаш

Со колку врати е? Заинтересиран сум исклучиво со 3 врати.

ништо во тој случај,со 5 е