Автор Тема: Проблем со 2.0 HDI од 98ма  (Прочитано 2499 пати)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Проблем со 2.0 HDI од 98ма
« на: 23 Ноември 2014, 19:30:06 pm »
помина на дијагностика,сензор за притисок во грана,го сменив поминав околу 1000км во 2 дена претежно отворена вожња топ без никакви проблеми,сега еве го пак

некогаш пали прима не чури и нема гајле,некогаш бара подолго верглање па да запали,некогаш под мала гас е добро некогаш не и најголемиот проблем,од чиста мира без никакво предупредување знае да угаси што е ризично за возење

сервис дац викаат да го ставиме на компјутер,ама само под услов да свети check engine а не свети што значи нема грешка
мојот маестро вика остај ја,а оток е,ќе ја направи ама ќе треба да дреме месец дена кај него

од разгледување по интернет,најчест проблем е регулаторот за гориво,ама не ми се менува на претпоставка
дали има некој да препорача квалитетен и брз сервис за пежо или можеби знае за што станува збор,нагаѓања не ми требаат

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Проблем со 2.0 HDI од 98ма
« Одговори #1 на: 23 Ноември 2014, 19:45:15 pm »
На другар со пежо 307 од 2003 година 2.0 хди 90 коња кога му се палеше антиполушн грешка и колата едвај до 2500 вртежи идеше, првин на дијагностика му кажаа регулатор за гориво.
Потоа утредента отишол да го менува, ама пак на дијагностика ја закачиле, регулаторот ок вредности извадил.
Потоа ги провериле цревата горе кај моторот, едно од нив било подвиткано. Му ги извадил, наместил убаво, престегнал и еве го до сега веке 2 недели ја вози, нема гајле.

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 158
Одг: Проблем со 2.0 HDI од 98ма
« Одговори #2 на: 23 Ноември 2014, 19:57:25 pm »
Тоа што не свети Check Engine не значи дека не треба да се стави на дијагностика. Со дијагностиката може да се исчитаат вредности на регулаторот, дизните, и повеќето сензори па да се има една слика што е во ред, да се знае од каде да се почне со испитување и на крај со промена или подесување на некој дел.
Спрема ова што кажуваш можно е во регулаторот да имаш струготини ѓубренца, можно е пумпата од резервоар да зафркава да нема доволно притисок, и на крај некоја дизна да закочува на прелив што не е баш скапо да се среди а и може дас е види на добра дијагностика.
Се на се прво добра дијагностика потоа се друго би ти препорачал јас, за сервис не сум многу запознаен низ скопје, јас за цитроен земав  половни делови од сервис САБРИ и да речам имаше ОК однос и разбирање дечкото Мухамед се викаше мислам.
Поздрав

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со 2.0 HDI од 98ма
« Одговори #3 на: 23 Ноември 2014, 20:18:42 pm »
работата е што компјутерот не памти никаква грешка

@фило
не е кај мене истиот проблем,врти до таму колку треба 4500рпм

али не ми е јасно наглото гасење,зошто со отштекани сензори(маф и овој за притисок) моторот продолжува да работи

што според мене проблемот е механички,или останува нагло без гориво,поради регулаторот,филтерот,пумпата итн.
или па егр-от заглавува,ама и со затворен егр не би требало одма да угаси

Отсутен manebenz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: Проблем со 2.0 HDI од 98ма
« Одговори #4 на: 23 Ноември 2014, 20:48:07 pm »
Regulatorot za pritisok se ima deseno mnogu pati da ne isfrli niedna greska a sepak da gi pokazuva svoite prvi znaci na neispravnost. Kako sto navede Alex e apsolutno tocno.Dobra dijagnostika i dobar majstor i ke gi dobies site parametri od regulatorot.Moze i ke treba da se vozi dodeka e na dijagnostika za da se prati negovata rabota.Regulatorot ima svoja optimalna baraza (naprimer 330 bari) i pri ler moze da oscilira +- 3do5 bari ....toa e dobar regulator. Dokolku na dijagnostika primetite na ler gas oscilacijata da e  20 do 40 bari nad ili pod prosek toj regulator e gotov t.e. pri kraj.  Najgolema sansa e da bide do nego...e sega tocno e deka i na prelivi moze da go gubi pritisokot no togas ke imas i nepravilna rabota na motorot (mala) zasto toj injector nema da vbrizguva dovolno gorivo vo cilindarot i ke se pojavi malo tresenje.
Jas bi ti preporacal servis kade mozes da ja zavrsis taa rabota mnogu ednostavno ... Eve malo objasnuvanje kade se naodja servisot koj e specijaliziran samo za vakvi problemi t.e. site problemi so gorivo...dizni,regulatori,bosh pumpi,pumpi za visok pritisok i.t.d.

Koga se spustas nadole od kasarnata Ilinden i zastanuvas na semaforite imas da svrtis levo (za nakaj Sistina)  i ako produzis pravi ides na kacanicki pat....Na tie semafori znaci vrtiz levo I ODMA na 30 metri desno vo edna ulicka so granitni kocki (10 metri pred STOP & GO) . Vozi okolu 200-300 metri i od leva strana ke dojdes do edna golema bela ograda i ke vidis na servisot pisuva "Servis BOSCH" gazdata se vika Dejan ke go pobaras nego i ke mu kazes deka Daniel od Kumanovo te pratil od servis za Mercedes i da ti go sredi problemot.

Eve ti brojce 070 227 341 Dejan.

MAF senzorot i ovoj za pritisok ne se povrzani so ovoj problem...od niv najcesto kolata ke ti ide vo "LIMP MODE" i nema da vlece t.e da ima moc.

Pozdrav i pisi sto si napravil

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем со 2.0 HDI од 98ма
« Одговори #5 на: 23 Ноември 2014, 23:42:29 pm »
а да ти ја штекнам јас на дијагностика?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време