Дечки, не најдов слична тема па ајде може и тука. Значи не ми е прашањево за хотел туку за вила или куќа што знам за во Берово, за нова година конкретно. Некоја препоракка? Искуство? Цените како се и слично? И Маврово е у игра ама со цениве малку одат во облаци, 100 еу од вечер.
Јас знаев дека ќе се заебам и отидов Нова Година Берово, guess what? Се заебав. По негостопримлив народ немам видено во животот. Охрид веќе е сменат на повеќето места, плус тоа со битолскиот дијалект поубаво си врвам

ама Берово тоа е страшна работа.
Досадно, гледаат да те заебат секаде знаејќи дека не си од Берово. Шеташ на улица те гледаат чудно као „Шо бараш ти овде“. Се обидоја да не избричат неколку пати мислејќи дека сме мутави.
4 кафичи имаа од кој едниот што најмногу ми се допаѓаше (City Pub) беше затка и депресивно место.
Претпоследен пат бев 2000 година, последен пат бев 2010/11 Нова Година.
Never...ever...
Да не праам муабет за сместувањето во Хотел Манастир кој, ОК убав е хотелот вака и храната ама собите беа ќелии

така што и тоа не ми се допадна. Да не правиме муабет дека сто пати им нагласив дека ми треба Wi-Fi и ме убедуваа дека имаат, а кога отидов таму немаа.
Не знам, има многу кои се фалат. Моето мислење / доживување не треба да ти е за репер.
Маврово ми изгледа ОК вака ако размислам, ама мислам во Македонија, за жал освен Охрид, Струга, Струмица можеби, ...што знам, никаде не ме влече.