Автор Тема: Колку е смарт да се купи Smart?  (Прочитано 16554 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Колку е смарт да се купи Smart?
« на: 10 Ноември 2014, 19:37:50 pm »
После обидот некој да ми ги украде бандажите се мислам да купам смарт за секојдневна употреба, а оваа да ја возам од кеиф и да ја чувам на по сигурно место. Во Велес од каде што сум паркинг има се помалку, а смартот ми се чини идеален за таа работа. Ме интересира дали некој има искуство со ова возило, скапо ли е за регистрација и одржување и како е со потрошувачка т.е. кој мотор е најдобра опција.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #1 на: 10 Ноември 2014, 19:44:29 pm »
За регистрација не треба да е скапо, мало моторче има. За одржување викаат дека не се баш ефтини, а и векот на траење им е под 100.000км без ремонт.

Не ги препорачуваат првите бензински мотори од 600 кубика, 700ките биле подобри. За дизелот не знам.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #2 на: 10 Ноември 2014, 19:47:27 pm »
За регистрација не е скапо.. Најмногу 8000 денари.. Одржувањето си е поскапо од другите, а и делови има поретко..

Смарт 2003-2006 има со 3 мотори.. 0.7 50 коњи, 0.7 61 коњ и 0.8цди (дизел) 41 коњ.. А смарт 1998-2002  има 0.6 45, 0.6 55, 0.6 61 и 0.8 дизел 41 коњ..
Бензинците градска се околу 6 литри.. Дизелот е околу 4 литри градска..

Комшија има бензинец веќе 3/4 години има поминато 90.000км, досега се нема пожалено од него.. Се имам возено многу пати интересно е, како во кутија да се возиш.. Јас нникогаш не би купил вакво нешто..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #3 на: 10 Ноември 2014, 19:53:28 pm »
Бензинците биле 6 литри? А дизел 4? Toa само во спецификации може да е точно и никаде на друго место: http://www.auto-data.net/en/?f=showCar&car_id=14875

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #4 на: 10 Ноември 2014, 19:55:16 pm »
Си имал ли па што си толку сигурен мистер википедиа ? Јас сум имал и не ми помина повеќе од 5 литри.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #5 на: 10 Ноември 2014, 19:57:22 pm »
Толку па.. има мерено 2/3 пати оди потрошњата и над 6.5.. неможи тоа толку му е силата, нонстоп на полна туража му е..  :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #6 на: 10 Ноември 2014, 20:39:12 pm »
А да си купиш сигурносни штрафови?

Јас лично пре би купил некое Југо или Саксо него Смарт, ако ти е само точка А -точка Б. Ефтини делови џаве пари ќе го купиш ит итн...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #7 на: 10 Ноември 2014, 20:42:05 pm »
+ југото е за 5 мина, ова за двајца..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #8 на: 10 Ноември 2014, 20:44:00 pm »
Мислам дека не е улав за да купи Југо.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #9 на: 10 Ноември 2014, 20:47:01 pm »
Има разлика од југо до југо.. ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #10 на: 10 Ноември 2014, 20:49:49 pm »
Па да му ги крадат бандажите пак?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #11 на: 10 Ноември 2014, 20:58:25 pm »
неможи тоа толку му е силата, нонстоп на полна туража му е..  :D

Поглупав муабет... здравје

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #12 на: 10 Ноември 2014, 21:02:40 pm »
Миле, ова не е 200 коњи па да неможи да го стисни низ град.. А и таков си е типот гледа право вкрај го цапа..

П.с.  Еве нека си купи Спарк ако му е за помало количе на марјан..

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 898
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #13 на: 10 Ноември 2014, 21:04:52 pm »
Swift, Corsa, Aveo, Spark... тоа би бил мојот избор за мали количиња

Отсутен Nino-

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 459
  • Ultimate driving experience
Одг: Колку е смарт да се купи Smart?
« Одговори #14 на: 10 Ноември 2014, 21:18:44 pm »
МАРЈАН јас до скоро имав смарт, истиот го поседував од 2010 година до пред 3-4 месеци и го возев активно до лани, после тоа почна сестрами да го вози. Мојот конкретно беше 2000та година 600кубика 40тина коња бензин. Јас го купив со 105.000км, а го продадов со 125.000км. Претходниот газда во 2005та го имал увезено од Германија како наводно од некој фамилија со многу мала километража, нити ремонт нити ништо не му беше правено, само улје и филтри и јас бев презадоволен од количето. Додека беше кај мене само 2 редовни сервиси му направив и ништо повеќе. Потрошувачката со нормално возење низ Гостивар знаеше да падне и до 4 литри.Се на се повторно би купил такво возило кога би имал потреба.
едит
Кога го продавав механичарот што го проверуваше кажуваше дека моторите од смартовие оделе до максимум 150.000км, после тоа ремонт и пак уште 150.000 без гајле. Мислам дека спомна цена за ремонтот околу 500€.