Секогаш имаш јаки сознанија различни од другите.
Кој е, ако не е тајна?
Части еден... едно кафе и ќе ти кажам што ми кажале. 
Кој сака шо сака може да ти каже, ти не мора одма здраво за готово да сваќаш. За тоа место се пријавиа 90 и кусур души и поминаа сите интервјуа. Изборот го прави еден човек, а дали го направил не знам. За шпекулации има колку сакаш, сите кои поминале на трет круг шпекулираат дека ќе бидат избрани и сите се јавуваат по овој-оној за да прашаат дали има нешто ново. Во принцип очекувам да биде избран некој заслужен провинцијалец, бидејќи обично до сега на тоа место имало луѓе од провинција. Заслужен, затоа што тоа место е за англиска кралица која нема одговорности и обврски, ама има бенефици и за наши услови убава плата.
За ручек, не е проблем да частам, проблем е време да најдам за заседа и заседнување. Наредниве месец-два имам многу патувања плус ќе идам на зимовање. Може евентуално преку ден да частам по некоја чорба-борба за доручек.