Јас имам два сета од Powerfix алатите во Lidl што се продаваат, ги дупнав од користење мака немаат. Посебно на Бубата кога вадев скапани зарѓани штрафови, па плус цевки на крцкалките ставав како лост.
Види во Купи Алат кај што ти препорача Банза, продавницата им се наоѓа на раскрсницата после Кјуби во правец накај Кисела Вода, во зградата од лева страна на ќошот, веднаш позади билбордот.
Јас се мислам да си пазарам од таму момент клуч, мислам дека беше околу 2000 ден.
А можеш да прошеташ и до Хубо, Меркур..