Јас ја пазарив неодамна истава макита, али поефтино ја земав, провери во хубо, мислам дека околу 7500 ми дојде со нивната клуб картичка. Индикатор на батерија не ти е неопходен, ке приметиш кога ке се потроши. Јас ја имам варијантата со две литиумски батерии и да ти кажам право ниеднаш не се најдов во ситуација да немам батерија.
Според мене за домашна работа, без многу напињање и те како е доволна, не сум имал проблем со ништо по дома да завршам. Јас инаку одма на лице место си земав и битови од хубо, брендот беше force и се исто многу квалитетни, може и моделот да ти го пратам после од дома, стварно се јаки, немаат ни грепка после еден куп штрафови. би ти ги препорачал и тие во комплет.
П.С. таа со три батерии да не е 9999 ден?
Едит: Другар има милвоки таква некоја од 12-13К, али стварно е јака, таа и за бушење нема гајле.