Тоа хемијата се вика Паралоид.
Се меша со Алкохол 96-100%
Само комбинацијата е деликантна.
Пиши ми ПП за каде ти е, шо намена, шо материјал итн.... ќе ти кажам точна мешавина.
А ако сакате нешто како камен да се стврди и да биди прозирно имало епоксидни смоли.
Паралоид има во Касвер Ц - продавница за уметнички материјали во Скопјанка - приземје.
Епоксидна смола во Адинг.
Само најдете некој да ви кажи како се меша за вашата потреба.
зашто ПП.. на темава нека седи, моѓе и на некој друг ке му затреба...
значи маса за во дневна, одоздола и прицврстувам дрвен носач а одозгора со нај ситна арматура правам мрежа... можда ке употребам и онаа плетена жица ограда... е сега, преку тоа за да добијам како плоча, околу 2-3 сантими или радикол или лепак за плочки..лепакот е поцрвст, веројатно со него ке идам.. поентата е добивам мазна површина... е сега, НА ТОА одозгора, невестава (уметничка душа) ке сработи мозаик од плочки. обични плочки подни+зидни, исечени, искршени на ситни парчиња (не поголеми од 2-3 сантими квадратни, но и доста помали) притоа мозаикот одоздола повторно ке биде лепен со лепак за плочки... е сега од тука натака, незнам дали да фугирам па да правам стакло или со таа смеса да го излијам до висината на масата без фуга или спеак фугирање па од таа смеса... значи од тоа средство-смеса ке има слој со дебелина не поголем од 1-1,5 сантим.. дали после е тоа доволно сврсто и отпорно, да се тури чаша на него, шоља жешко кафе, тањир со мезе итн итн или ке треба епак стакло да турам...