сите овие евтини батериски бормашини, имаат еден главен заеднички базичен проблем... батериите им откажуваат многу брзо. а и кога се нови, брзо ги трошат, т.е. се со мал капацитет...
Toчно.
Батериска бормашина односно штрафилица гледајте да земете Бош зелен.
Мислам дека беше на некоја акција околу 50-тина и нешто евра.
Го имам буквално од 2001 година и незнам колку милиони штрафчиња сум одвртил и завртил со него.
Пред две години ми цркна батеријата, но за 1200 денари ја направив.
За електрични алатки Einhell се ОК, но за батерија реков. Евентуално Блек и Декер.
јас го имам портокаловиот бош, платен 150 евра. во 2010 година, што значи 5-та година му е... доаѓа со 2 литиумски батерии, втората сеуште не е употребена... покрај отштрафи-заштрафи (неколку милијарди пати до сега), ја користам и за дупчење во пластика, алуминиум, месинг и дрво... многу ретко на железо обично... или на пример, ако ја видовте церадата со кано системи кај бушав и дандо во перална, таа има заштрафено точно 85 САМОРЕЗНИ штрафови во профили метални... значи прво буши па после заштрафува... со 1 батерија и последните 4 снема, па таман си реков пауза да направам 15-тина минути, се поднаполни и довршив...
е сега... мене ми е за профи работа... затоа и машки платив за нејзе, откако претходно се ебавав со обични, евтинки, поевтинки, па дури и тро поскапи, како на пример некој девалт од хубо го платив 4.200 и со некој специјален дигитален мерач на батерја дрн дрн дрн... му цркнаа батериите во рок од по 3-4 месеци...
такво нешто, со оние батериски од по 1500-2000 денари па и од 50 евра, тешка работа...
една финта што направив со тие батериските што им испоцркаа батериите... отворете ја батеријата, испразнете ја од келиите, на плусот и минусот, турете им кабелче од 2-3 метри и штипки-крокодилки.... во секое време на акумулатор може да ја закачите и да завршите работа некоја околу кола или во гаража...