Ако зимаш карраро, минимум е таа цена. Плус дихт кабина. (плус атомизер, итн)
Си размислил за некој комбајн за грозје? Гледам ги има по италијански огласници, само колку го уништува шпалирот е прашањето.
Моите лозја се тепсија рамни, нема потреба од Караро од 50к+ евра.
Добро опремен трактор до 30к ќе е одличен и за тројно повеќе од моите површини. Саме, Дојц Фар, Џондир, Ландини, има јаки трактори за 25-30к со 60% поврат со ипард. Здравје ќе видиме, не можам да бирам, се качив на Тафе 6515, не ма бере

Комбајн за грозје може за грозје за ракија, за вино не. Грозјето за вино неопходно е да е скинато со маказа, да не е згмечено за да не оксидира пред да го насолиш винобран.
Атомизер 1500 евра завршивме работа.
Меѓуредна и редна фреза за обработка е неопходна, зедно со биоротор за автоматизација на некои операции и замена на непостоечката работна рака.