Не е Тојотата бавна, старото УСБ е бавно. Затоа си купив побрзо.
Плус, едно е да ги користиш како обични датотеки (фајлови) во самото дрво на системот на датотеки, друго е да ги користиш како Музика/Аудио со целата пропратна информација (сликичка од албумот, информација за изведувачот и сите други информации), особено ако користиш плејлисти (како што користам јас).
Реиндексирањето на информациите поврзани со самите датотеки на музика е сврзано со начинот како работи самата плејлиста со песни. Во неа ја има конкретната информација на која гранка се наоѓа самиот фајл во целото дрво, колку трае, на кое место во опашката за пеење е и уште еден куп податоци. Ако правиш бриши пиши и надградуваш плејлисти, целата работа станува доста комплицирана затоа што голем дел од мета информацијата се зачувува во самиот уред (а не само на носачот на информации - УСБто во овој случај).
И сега да се навратам на мојата желба - да си купам побрзо усб за моментите кога си ставам нова музика да не чекам прво сто саати да се префрли на УСБто и после да не чекам сто саати да ми бидат достапни плејлистите со нова музика.
Ако го брцнам и користам како носач на датотеки и директно да гледам кое каде е, не му треба ништо од тоа. Ама за мене го нема ќефот што го пружа добро организирана музика во кола.