Слободно земи не се думај само однеси ја кај маршер да ја провери за секој случај. Јас имам вектра 2.2 дти 2003 година, седан (гтс е со 5 врати пократката верзија) и досега нема никаков проблем со мотор, бош пумпа, турбо и друг поголем дел, а на километражата пишува дека има 210к км. За бош пумпата сите викаат дека била расиплива, па внимавај на тоа макар што еве јас сум немал проблем досега.
Потрошувачката во зима низ град е околу 9литри, во лето околу 8 (за помал град кажувам оти тешко да загрее на кратки растојанија), а на отворено со клима околу 6л/100км според борд, ако ја форсираш со полна туража цело време сигурно ќе замини нагоре

со возење по знаци 5л/100км
Внатре кога е ладно времето крцка на 2-3 места ама не сум се заангажирал да ги средам. На отворено е убава за возење, снага има во секоја брзина, малку е крута, во кривини е стабилна но знае да забега задницата ако се занесиш на плетвар или стража

.
А ова шо ти вика дриве-р не поседувал ни дизел ни бензин вектра најверојатно па си кажува колку да се кажи од шо слушнал некаде дека опел дизел не чини ама еве јас имам супер искуство со оваа и уште една постара вектра дизел, а зет ми има 2 астри дизел без никаков проблем ги вози( едната ја продаде со преку 200ккм пред некое време).