Автор Тема: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)  (Прочитано 2379 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« на: 19 Октомври 2014, 19:53:06 pm »
Дали некој знае каде може да најдам пумпа за кочници за Opel Kadett C 1.2? Прашав на неколку места, ама немаат.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #1 на: 19 Октомври 2014, 20:07:18 pm »
Со серво ли ти е кочницата ? Можеш да направиш мала преправка и да ставиш од застава 101 пумпа за кочница. Ја имам ваков опел, со серво кочница е, малку имаме преправка направено кај што стои пумпата и ставено пумпа од застава 101.

Еве да видиш како е кај мене:


Значи имаме ставено метална плочка на оригиналните штрафови на сервото (означени со црвена боја), а потоа и нови дупки избушено на плочката за да за заштрафиме пумпата (штрафовите со сина боја на сликава подоле). И тоа шипката што излегува од сервото и го притиска клипот на пумпата исто така ке треба да го продолжиш пошто во случајов ке ти биде кратко
« Последно менување: 19 Октомври 2014, 20:17:21 pm FiLo »

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #2 на: 19 Октомври 2014, 20:18:18 pm »
Без серво е. Размислував и за ставање пумпа за кочници од Застава 101, само поради различната позиција на пумпата, најверојатно ќе треба да се направат и нови дупки во каросеријата. Затоа и пробав да најдам оригинална пумпа за кочници.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #3 на: 19 Октомври 2014, 20:20:30 pm »
Епа еве нешто во овој стил види ако може да се направи како кај мене што е. И ние ја имавме оваа мака, пумпава ни е пред 8-9 години сменета, и од тогаш до сега си ја врши работата како што треба.
Ништо страшно ако ставиш и од друго возило, само малку мозок да се вклучи како да се изведе модификацијата. ;)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #4 на: 19 Октомври 2014, 20:25:49 pm »
Исто како што можеш да видиш и од сликана погоре што ти ја ставив, кај мене имаме ставено карбуратор од застава 101/југо 45, 55, едногрли вебер карбуратор за да можам да го избушам странично и да го решиме проблемот со плинот, затоа што на стариот солекс ни влечеше фалш воздух од плочката, неможевме да ја прицврстиме убаво и на крај горе грлото се уништи од постојано стегање.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #5 на: 19 Октомври 2014, 21:09:15 pm »
Ќе почекам уште малку, можеби ќе се најде некоја оригинална пумпа за кочници. Ако не, ќе мора да се прави некоја модификација.
Исто така и мојот има плински уред и одлично работи.

Ти благодарам за предлозите.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #6 на: 19 Октомври 2014, 21:21:34 pm »
Ако си од Скопје, иди до Миле во Бутел, прашај го дали може да ти порача пумпа од странство.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #7 на: 19 Октомври 2014, 21:32:17 pm »
И кај него прашав, немаше. А за порачување од странство ништо не спомна, изгледа тенки се залихите со делови.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #8 на: 19 Октомври 2014, 22:20:10 pm »
Без серво е. Размислував и за ставање пумпа за кочници од Застава 101, само поради различната позиција на пумпата, најверојатно ќе треба да се направат и нови дупки во каросеријата. Затоа и пробав да најдам оригинална пумпа за кочници.

уште поубаво... направи го со серво да биде... само едно дупче во усисна грана, ти треба цицка како за воздух од кочници испуштање, доволна ке биде, и ке добиеш серво кочница... значи од поголемите цицки, таа што е со 10-ка клуч па нагоре било кој модел... според цицката дупче, нарежување навој, заштрафи (можеш малку коноп да туриш за да стеген и остане таму) и ете ти дупка за вакумот на сервото... другиот дел како што фило ти објасни постапи и ке добиеш ем нова кочница ем серво кочница... педалата ке биде пердуф лесна..

зашто да не.. кога веке правиш модификации многу малку треба уште и за тоа да го средиш.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #9 на: 19 Октомври 2014, 22:25:13 pm »
Точно, кај мене е серво кочница и е убава кочницата за притискање. Серво може исто од застава 101 да стави, да побараш по отпадите.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #10 на: 19 Октомври 2014, 22:35:11 pm »
ај бе по отпади ке бара.... пумпа не се зима половна. нови во продавници сеуште има... со се пумпа нема шанси да биде скапо... или ете, сервото од отпад, а пумпа нова... проблем решен на подугачки стази... е да.. покрај сервото ке му треба и казанчето за глицерин... тоа од отпад исто... 50-100 денари е, не е поише...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #11 на: 19 Октомври 2014, 22:39:35 pm »
За сервото зборев по отпад да го најде ако нема ново, а пумпата нова да си земе, мислам дека е помегу 300-500 денари. Иначе ене погоре казанчето за глицерин кај мене е истото од оригиналната опелова пумпа, само доле од отворите на казанчето до отворите на пумпата ги поврзавме со 2 црева, го заштрафивме горе на амортизерот и ете го си стои така.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #12 на: 20 Октомври 2014, 00:07:58 am »
ок.. може и така, ама за поубав ефект а и за смешна пара, ке тури оригинално со приклучоци...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #13 на: 20 Октомври 2014, 17:33:42 pm »
Ќе размислам и за вградување серво. Утре би требало да одам на мајстор, човекот има доста искуство со овие кадети, па ќе видиме што ќе ми предложи.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Пумпа за кочници (Opel Kadett C)
« Одговори #14 на: 20 Октомври 2014, 17:55:24 pm »
од голф 1 штраф на штраф пасува, бар кај мене