Прво, ако моторчињата работат, а светлата се толку ниско, тогаш многу веројатно сијаличките во самиот фар не се наместени како што треба. Погледни во самиот фар како стојат сијаличките, треба да стојат во правец директно кон рефлекторчето. Ако се накосо, мора да вадиш сијалички и да ги наместиш наново. Малку е зае*ано стилото за местење сијалички, па би ти препорачал да го извадиш предниот браник, отштрафиш фаровите од лежишта, наместиш убаво сијаличките и вратиш назад. Иако вака звучи драстично, се работи за не повеќе од 20 штрафови и не повеќе од 1 час работа (откако ќе ти стане пракса). Ако пробуваш да ги вадиш од просторот за мотор, може да ти биде позае*ано, на едната страна мора да го отштрафиш садот за течност за брисачи, на другата = металното лежиште за акумулатор.
Ако сијаличките се наместени како што треба, тогаш на самите фарови има два пластични штрафа - на секој фар. Едниот е за позицијата лево - десно, дригиот е за висината, горе - доле.
Стилото ако се сеќавам има 1% пад на снопот, што значи на секој метар светлосниот сноп паѓа 1cm во однос на центарот на фарот.
Значи, за 10м, треба да падне 10цм.
Потребен ти е ѕид, со хоризонтална површина пред него од барем 14 метри.
1. Ја поставувач колата со браник залепена до ѕидот, ги бележиш центрите на снопот на левиот и десниот фар на самиот ѕид со добро видлив маркер (крстчиња се одлични),
2. Обележи крстчиња на ѕидот на местата каде што треба да биде центарот на снопот кога колата ќе ја вратиш 10м назад. Тоа е 10цм под првите маркери.
3. Врати ја колата назад, така да фаровите бидат на 10м од ѕидот. Покриј го едниот фар, да не ти пречи, со помош на подесувачите, подеси го снопот на тој фар, така да центарот дојде точно на обележаниот крст.
4. повтори јапроцедурата и за вториот фар.
Job Done!
Потребен алат, ако добро се сеќавам 7-ца или 8-ца, (мислам 8ца дека беше..) цеваста, од оние на штрафцигер што се местат, по можност со зглобче, ама и не мора, ќе се измачиш малце, ама ќе си ги подесиш.
Уште еднаш да напоменам, за толку ниско да бидат, или сијаличето не е во фокус, или фаровите не се добро наместени на лежиштата. Би ти препорачал да го демонтираш браникот и да испиташ зошто толку ниско се во моментов.