Автор Тема: Мислење за Opel Vectra C GTS 2.2 DTI 125PS 2004та седан  (Прочитано 3184 пати)

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 795
Мислење за Opel Vectra C GTS 2.2 DTI 125PS 2004та седан
« на: 25 Октомври 2014, 14:19:13 pm »
Мислење за Opel Vectra C GTS 2.2 DTI 125PS 2004та седан. Нешто во врска со овој модел, мотор, каросерија и сл?

Фала!
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Мислење за Opel Vectra C GTS 2.2 DTI 125PS 2004та седан
« Одговори #1 на: 25 Октомври 2014, 14:22:06 pm »
Мотор на ланче, доста јак, рафиниран и нема врска со скапаниците 2.0дти.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мислење за Opel Vectra C GTS 2.2 DTI 125PS 2004та седан
« Одговори #2 на: 25 Октомври 2014, 14:50:04 pm »
2.0дти е далеку од скапаница,тој мотор е многу издржлив,врти над 500Ккм без никаква интервенција на моторот,е сеа пумпата и вакумските вентили се голем проблем,посебно кога ке ја купиш колата со најмалку 250Ккм поминати...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Мислење за Opel Vectra C GTS 2.2 DTI 125PS 2004та седан
« Одговори #3 на: 27 Октомври 2014, 22:21:42 pm »
Бензин само.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Мислење за Opel Vectra C GTS 2.2 DTI 125PS 2004та седан
« Одговори #4 на: 27 Октомври 2014, 22:45:16 pm »
Слободно земи не се думај само однеси ја кај маршер да ја провери за секој случај. Јас имам вектра 2.2 дти 2003 година, седан (гтс е со 5 врати пократката верзија) и досега нема никаков проблем со мотор, бош пумпа, турбо и друг поголем дел, а на километражата пишува дека има 210к км. За бош пумпата сите викаат дека била расиплива, па внимавај на тоа макар што еве јас сум немал проблем досега.

Потрошувачката во зима низ град е околу 9литри, во лето околу 8 (за помал град кажувам оти тешко да загрее на кратки растојанија), а на отворено со клима околу 6л/100км според борд, ако ја форсираш со полна туража цело време сигурно ќе замини нагоре :) со возење по знаци 5л/100км

Внатре кога е ладно времето крцка на 2-3 места ама не сум се заангажирал да ги средам. На отворено е убава за возење, снага има во секоја брзина, малку е крута, во кривини е стабилна но знае да забега задницата ако се занесиш на плетвар или стража :) .

А ова шо ти вика дриве-р не поседувал ни дизел ни бензин вектра најверојатно па си кажува колку да се кажи од шо слушнал некаде дека опел дизел не чини ама еве јас имам супер искуство со оваа и уште една постара вектра дизел, а зет ми има 2 астри дизел без никаков проблем ги вози( едната ја продаде со преку 200ккм пред некое време).

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: Мислење за Opel Vectra C GTS 2.2 DTI 125PS 2004та седан
« Одговори #5 на: 03 Ноември 2014, 12:42:30 pm »
DejzY или ти и зет ти сте големи среќлии или...
Јас не знам некој што имал опел дти а што немал проблеми со бош или вакум.
И сам лично имав вектра 2.0дти 99та год и ги имав тие проблеми, секако секој со својата среќа не дека ја брукам колата или опел како марка, ама мислам дека најголем проблем е ѓубрето што се увезува кај нас и што си играш руски рулет кога ќе земеш ваква кола. Инаку мое мислење за Вектра е дека доста добра лимузина со убава вожња, ефтина за одржување, претежно за подолги патувања е екстра..
Пред некое време пробав Вектра Ц баш со овој мотор но беше автоматик и не знам што беше работата дали нешто не беше во ред со колата/мењачот но колата беше неверојатно тромава.

Darkserial во секој случај ако си решен баш за таа кола провери си ја убаво детално особено бош, вакуми, егр... ако не се лажам овој мотор имаше електронски егр или вакуми не знам точно како беше..

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Мислење за Opel Vectra C GTS 2.2 DTI 125PS 2004та седан
« Одговори #6 на: 03 Ноември 2014, 21:04:56 pm »
Нај добар мотор е тој за таа вектра 2.2 дти има доволно снага да ја повлече и минува доста километри ако е во добра состојба земај .....Инаку некој спомна 2.0 дти и 2.2дти немаат врска а уствари тоа се исти мотори разликата е 2.2 дти има варијабилна турбина, поголем ход на клипот и малку разлика во бош пумпата инаку се друго е исто ....