Не е убаво дремењево до касно на компјутер дефинитивно
кинески коиловери(до душа само спиралите со навој) со се шипинг ќе ме фатат околу 200-250$ што стварно е висока цена за ризичен кинески производ за квалитетни 400+ па што чепкав нешто низ интернетов и не е нешто сложено обичните да се преправат во коиловери барем за хонда.
значи нема никакво сечење,на постоечкото лежиште ќе легне навојната шипка со соодветено лежиште направено на дребонг
и уште едно штелувачко лежиште за спиралата
не планирам да претерувам,значи ќе одам со +/- 2цм од сегашнава состојба единствено што ме мисли е дали ако ја спуштам уште 2цм спиралата би добила преголем терет,мада коли тераат и со греени/сечени и тако даље спирали,ама ете ако некој има барем нешто ситно искуство нека сподели
еве ги како изгледаат,планот ми е да играм на долниот дел,горниот останува фабрика