Автор Тема: Видео проектори  (Прочитано 3072 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Видео проектори
« на: 10 Јуни 2014, 20:59:42 pm »
Размисла за купување Видео Проектор имам уште одамна, меѓутоа се откажував поради високи цени на Добрите проектори што нудат 1920x1080, и компликации општо..

Случајно отворив некој тест на проектори, и гледам дека цените доста паднале.. Оние што имаат повеќе практично и реално искуство, кое е ваше мислење околу купување на проектор место голем тв, и исклучиво за куќно кино?

Кои се мааните на проекторот во однос на ТВ? На пример Оптома HD25 проектор чини грубо 900 еур (1000 еур со платно).

Да се купи Панасоник плазма од 65" чини многу повеќе. Читам за Оптома ва дека може да извади голема дијагонала на слика веќе од 2 метри растојание.

Да се купува во иднина проектор или не? Предности? Маани?

Што треба да се пази при купување на проектор за ваква намена?
« Последно менување: 11 Јуни 2014, 08:58:57 am zeroSignal »

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: ВИДЕО ПРОЕКТОРИ
« Одговори #1 на: 10 Јуни 2014, 22:00:37 pm »
и јас сум си правел филмови во глава за да го користам место голем тв или поврзано на компјутер за игрици :)
да видиме што ќе кажат поискусните.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: ВИДЕО ПРОЕКТОРИ
« Одговори #2 на: 10 Јуни 2014, 22:04:02 pm »
Јас не сум ниту стручен ниту имам искуство за проектори само има еден момент кога никогаш нема да го заборавам зошто проекторите се интересна работа ...

Финале Лига Шампиони, другар позајмува проектор од школото кај што работи, нај нај обичен, се собираме кај друг другар да гледаме во двор, лупаме 2 шипки во земја, оптегнуваме жица на горните краеви, зимаме чаршафи бели и пуштаме проектор :) Слика добивме од БооМ ТВ и звук од некои звучки за лаптоп.

Поентата ми е мобилноста

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: ВИДЕО ПРОЕКТОРИ
« Одговори #3 на: 11 Јуни 2014, 01:20:36 am »
И јас гледав HD проектор, али 1000че не ми се дава. Кога ќе паднат на 500 евра би земал.

Кај проекторот треба да пазиш да е добро наместен во однос на платното, дали проекторот ќе има контроли за убаво местење на сликата (агол и сл.), но тие работи сам ќе си ги најдеш по интернетот.

Optoma знам дека се Мерцедес за проектори.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ВИДЕО ПРОЕКТОРИ
« Одговори #4 на: 11 Јуни 2014, 08:37:30 am »
Проекторот е зависен од амбиентално светло.
Нема длабоки црни.
2500 часа (ако и толку издржи, накај 1000 реално) живот на сијаличката.

Телевизорот за слична димензија е далеку поскап.
Не е преносен.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Видео проектори
« Одговори #5 на: 11 Јуни 2014, 10:31:46 am »
Проектор е права ствар ако живееш во куќа.
Растргнуваш едно платно 3х2м, штом падне мрак пушташ утакмица, или Макфест :D :D :D и уживаш.
Разгледај Panasonic, NEC, Toshiba....
Со нив имам искуство, одлични се...

На што треба да си спремен. Лампа, и ништо друго....
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Видео проектори
« Одговори #6 на: 11 Јуни 2014, 13:37:22 pm »
А приближна цена на заменска лампа (+ цена на сервис)?

@SaleSK Ова со макфестов ме уби :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Видео проектори
« Одговори #7 на: 12 Јуни 2014, 19:04:24 pm »
Многу се скапи лампите, не се практични за секојдневна употреба, лош квалитет на слика.