Размисла за купување Видео Проектор имам уште одамна, меѓутоа се откажував поради високи цени на Добрите проектори што нудат 1920x1080, и компликации општо..
Случајно отворив некој тест на проектори, и гледам дека цените доста паднале.. Оние што имаат повеќе практично и реално искуство, кое е ваше мислење околу купување на проектор место голем тв, и исклучиво за куќно кино?
Кои се мааните на проекторот во однос на ТВ? На пример Оптома HD25 проектор чини грубо 900 еур (1000 еур со платно).
Да се купи Панасоник плазма од 65" чини многу повеќе. Читам за Оптома ва дека може да извади голема дијагонала на слика веќе од 2 метри растојание.
Да се купува во иднина проектор или не? Предности? Маани?
Што треба да се пази при купување на проектор за ваква намена?