Дечки, бидејќи гледам дека нема многу-многу интерес за овој викенд, дали би сакале да го префрлиме возењето за 5ти Октомврии да се повозиме до Маврово каде би се приклучиле на Охриѓаните?
И секој пат ке има некој што нема да може.
+ по мене Штип е многу поинтересна опција, одколку Маврово. Маврово е дежаву.
Како сакате, сепак мое мислење е дека Штип е многу интересно место, како за храна, така и за дружба.
Ако е така, и ако доаѓаш, пиши се на список, да знаеме.
Важно е да се одреди локација на пристигнување во градот Штип со паркинг, бидејќи самиот град е тесен и нема место за групно паркирање. Согласно тоа убаво би било да биде на некој паркинг финалната дестинација. Без разлика на тоа што се работи за лам број на возила, сепак тие возила треба да се паркираат некаде прописно.
Значи не зезај. Ќе си одиме и до Штип и до Маврово.
„Маврово не ти бега.“
Исто као и Сале. Ако доаѓате, дајте некако да направиме конкретен список.
За седење, мислам дека има едно место со пастрмајлија што го бива на влезот во Штип, каде што има и паркинг. Ако некој може да помогне, секоја помош е добредојдена.